ОВЕН
Нема да ви биде лесно да се помирите и да го простите предавството на колегата кој се обидува да уништи важен состанок без да размисли дека и самиот си наштетува. И покрај можниот неуспех, судбината наскоро ќе ви даде неочекуван позитивен пресврт. Анализирајте ги вашите грешки и однесување.
БИК
Обидете се да не претерувате на вашето работно место. Бидете умерени и заборавете на потфатите. Не отстапувајте од вашата главна цел за денеска. Тешкотиите не се поврзани со вашите постапки. Не се јадосувајте. Примирете се и не ги критикувајте колегите, бидејќи тоа не е ваша работа.
БЛИЗНАЦИ
Бидете внимателни кога се среќавате со вашите пријатели и не земајте го сето она што тие го кажуваат за вистина. Не одржувајте состаноци со колегите или деловните партнери кои пристигнале без претходна најава, бидејќи пресвртите може да бидат неочекувани и на ваша штета. И покрај необичното расположение што ве обзеде поради вашата нервоза, вашата работа променлива.
РАК
Трпението ќе ви помогне да ги поправите вашите односи. Не дозволувајте да ве мамат. Не обидувајте се да преговарате и да ја менувате вашата работа неочекувано за сите и со гаранција за неуспех за вас. Ви наштетуваат избрзаните зборови и вашиот обид за миг да ја разјасните причината за настанатите спорови кои доведоа до кавги.
ЛАВ
Вашиот одмор, по можност во текот на денот со помал обем на работа, а исто така и во текот на вечерта, е задолжителен и ви делува како лек. Ако треба да работите напорно претпладнето, одложете ги задачите и попладне приберете се дома. Нпрегнатоста во штети. Непромислената самоувереност и погрешното проценување на вашите сили, исто така, ви штетат.
ДЕВИЦА
Воопшто не жалете што ја одбивте дополнителната работа денеска, доволна ви е и вашата, многу сте уморни, па дајте си заслужен одмор навечер. Денот е неповолен и за комуникација со деловните партнери. Не покажувајте каприци дома и покажете разбирање за барањата на вашите најблиски.
ВАГА
Потпрете се, пред сѐ, на себеси, бидејќи вашите пријатели ќе се обидат да ве заблудат, да ви прикријат важни информации, навидум за да избегнете непријатности, кои доколку не се отстранат ќе се продлабочат. Познанстватата ви носат позитивни емоции и пријатни разговори, но не треба да бидете премногу доверчиви.
ШКОРПИЈА
Доколку имате можност и можете да земете слободен ден, патувајте и препуштете се на позитивни емоции, дури и на итен деловен состанок. На работното место не се исклучуваат понатамошни проблеми, поради расеаност и брзање, само затоа што сакате да се отарасите од задачите до пладне.
СТРЕЛЕЦ
Бидете смирени и запомнете дека е добро да бидете умерени во сѐ што преземате. Импулсивните постапки се на ваша штета. Прикријте ги вашите стремежи од колегите за да не ги налутите. Не ги претворајте вашите сојузници во непријатели со непромислени постапки.
ЈАРЕЦ
Верувајте ѝ на вашата интуиција ако треба да бидете отсутни извесно време од вашето работно место за деловен состанок. Емоциите можат да ве спречат да ја донесете вистинската одлука. Имате можност да обратите внимание на сугестиите од колегите кои сте ги запоставиле поради службените обврски.
ВОДОЛИЈА
Не се преокупирајте со вашите деловни проблеми. Донесените одлуки се предмет на емоции и сигурно нема да бидат точни. Завршете ги старите задачи. Можни се непредвидени трошоци или загуби. На работното место сте расеани. Задлабочете се во вашите задолженија за да се справите со нив.
РИБИ
Преголемиот притисок на вашето работно место е причината поради која се чувствувате уморни. Не оптоварувајте се со нови задачи, туку завршете ги веќе започнатите кои ви носат приход. Бидете оптимисти, дури и ако колегите се обидуваат да ви го наметнат своето мислење. Со вашето добро расположение лесно ќе ги надминете тешкотиите во текот на денот.
Извор: Нетпрес