ОВЕН
Нема да постои ништо што ќе ви биде тешко или недостижно. Нешто или некој ви е „ветер во грб“ и сега само одете напред. Партнерот може да биде посесивен. Треба да имате повеќе време. Чувајте се од повреди.
БИК
Потребно е да бидете поистрајни во она што го работите. Лесно откажување не ве води никаде. Гледате малку подалеку во иднина, а некои работи кои сега се случуваат воопшто не ги приметувате. Тие кои неодамна се искритикувани од страна на некој кој е „над“ нив, сега може да им олесни. Стомачни тегоби.
БЛИЗНАЦИ
Овој ден ќе го искористите времето за уште еднаш да размислите за потезите кои треба сега да ги повлечете. Можеби од некои и ќе се откажете. Зафатените убаво ќе се согласуваат со партнерот. Некому ќе му се допадне начинот на кој размислувате, но не и како некои работи да ги одработите порано. Добро здравје.
РАК
За некои работи потребно е малку да се стрпите, но изгледа тоа денеска нема да умеете, па ќе се доведувате во себе во незгодни ситуации. Нема да му се допадне на партнерот вашето однесување, и може денеска да ви сврти грб. Точно знате што треба да направите, но некој можеби ве кочи во тоа. Здравјето е добро.
ЛАВ
Нема да имате посебни грижи ако самите не ги создавате. Премногу лесно ги прифаќате некои уцени. Некои пробува во вам да предизвика грижа на совест. Ставете го својот љубовен живот пред се. Доста сте воделе туѓи грижи, а своите запоставувале. Можно е да чувствувате некој вид разочарување кога е во прашање работата. Внесувајте помалку калории.
ДЕВИЦА
Сакате да се ослободите од некои одговорности кои порано сте ги прифатиле, но тоа нема да биде така лесно како што сте очекувале. Имате големи очекувања од партнерот. Постои голема шанса работите сега да се развијат нешто многу подобро од што сте планирале. Тахикардија.
ВАГА
Ќе уживате во конструктивните разговори со своите пријатели и познаници. Можеби дури и да добиете одлична идеја за нешто сосема ново. Интересни средби ќе ви донесат многу радости. Иако одбивате секаков вид на одмор, време е да забавите. Добро здравје.
ШКОРПИЈА
Нормално е да сакате вашата работа да биде подобро платена, но исто така нормално е да ја согледате ситуацијата од сите агли. Во партнерските односи може да дојде до мали расправии и несогласувања. Попуштете за да го сочувате мирот. Некои случувања во прават несигурни. Бидете активни.
СТРЕЛЕЦ
Можеби ќе слушнете нешто кое многу ќе ве израдува. На ништо не сте се надевале до таа мера да бидете шокирани. Оставете го минатото таму каде што припаѓа. Не правете прв чекор кон нешто што не ви носи добро. На работа се чувствувате нервозно. Размислете околу тоа, што е тоа што ве депримира. Немојте да претерувате со физичките активности.
ЈАРЕЦ
Ќе ви се отвори една работна шанса која ќе ви донесе подобра заработувачка во скора иднина но многу зависи и од вас како ќе се поставите кон сето тоа. Љубовта ви е на 10. место денеска. Слободните имаат шанса за запознавање. Не сте претерано амбициозни во работата, а би требало повеќе да се трудите. Чувствителен нервен систем.
ВОДОЛИЈА
Многу припадници на овој знак не се задоволни на начинот на кој некои работи се завршиле, па беспотребно ќе „копаат“ по тоа. Ништо добро нема да им донесе. Се надевате и очекувате некоја среќа, но мислите ви се во минатото. Оние кои одбиле некои понуди за работа денеска, ќе имаат уште една шанса. Внесувајте помалку шеќери.
РИБИ
Можни проблеми во комуникацијата со лица од спротивниот пол. Воздржете се и не влегувајте во длабоки расправии. Кога е љубовта во прашање, не знаете што сакате, но секако не се определувате за седење на две столчиња. Наградата за труд ви доаѓа, опуштете се. Стабилно ви е здравјето.
Извор: Курир.мк