Живот и Стил

Дневен хороскоп за среда, 27-ми декември 2023-та година

Дневен хороскоп за среда, 27-ми декември 2023-та година

ОВЕН
Тешкотиите се надминливи доколку не покажувате каприци на работното место и не ризикувате. Пазете се од негативното влијание на вашите колеги. Совладајте ја емоцијата. Одбијте ги предлозите за инвестирање, од една страна поради неповолниот период за вас, а од друга страна, ако немате доволно средства и треба да побарате финансиска помош или кредит, активност која ја забранува сѐ уште ретроградниот Меркур.

БИК
Деловните предлози кои ви ветуваат успех и поддршката од влијателните луѓе се од голема важност за да ја зајакнете вашата самодоверба со Меркур кој и натаму е ретрограден. Спроведете ги плановите без одлагање, дури и ако наеднаш ви се посака да ги одложите, бидејќи брзо ќе зажалите. Премногу сте чувствителни. Емоцијата ве спречува да се пројавите.

БЛИЗНАЦИ
Подобрете ја финансиската состојба без да се потпрете на помош, бидејќи или нема да ја добиете или ќе ви побараат процент од приходите. Направете го тоа самите, а вашиот успех ќе ги изненади сите, бидејќи ја имате поддршката од ретроградниот Меркур. Очекувајте познанства кои можеби ќе ви бидат корисни доколку имате намера да направите изненадувачки промени на професионален план, но можеби и ќе ве искористат. Доброто расудување е важно.

РАК
Наместо да патувате за да избегате од проблемите, храбро соочувајте се со нив и решете ги за неколку часа, дури и ако морате да водите непријатни разговори при владеењето на Меркур кој сè уште ретрограден. Направете промени доколку тие не се во спротивност со вашите планови за денеска. Од причини кои се надвор од ваша контрола, ризикувате да пропуштите профитабилен договор, затоа ве советуваме да бидете остроумни.

ЛАВ
Вашите приходи на овој ден се доволни за да ви биде удобно за одморот в година, доколку го планирате сега поради пониските цени, а ретроградниот Меркур не забранува ваква инвестиција. Не заборавајте да го направите вашиот месечен извештај и да ги испланирате трошоците за следниот месец доколку сте договориле инвестиции. Не влегувајте во кавги, службени или лични, и стабилизирајте го досега постигнатото.

ДЕВИЦА
Избегнувајте финансиски загуби со следење на работата на вашите подредени и недозволувајќи им експерименти од нивна страна во периодот на ретрограден Меркур. Не ги одложувајте деловните состаноци без причина. Концентрирајте се на вашите должности. На работа сте под стрес, бидејќи сакате навреме да ги завршите сите ваши задачи. Очекувајте добри приходи.

ВАГА
На материјален план, успехот ќе ве следи поради вестите за приходите кои долго ги чекате. Признанието што ќе го добиете е достоен подарок за вашите можности, и покрај тоа што Меркур е ретрограден. На работното место успевате со контролирање на пречувствителноста. Вашата подготвеност да се спротивставите и да се расправате ве прави непријатели со колегите.

ШКОРПИЈА
Наутро сте лути поради проблеми во семејството. Ваше беше да ги избегнете. Тие не се причина за вашата расеаност на работното место, доколки сакате да се справите со вашите обврски под ретроградниот Меркур. Имате можност лесно да ги отфрлите сите ваши работни задачи, но не се оптоварувајте со нови ако тоа е можно.

СТРЕЛЕЦ
Денот ви дава можности за кои долго време сонувавте, а ретроградниот Меркур не ве спречува да ги искористите. Искористете ги и дајте им на колегите предлог за промени и финансиска стабилизација. Напорите ќе бидат успешни. Покажете за какви професионални подвизи сте способни кога имате јасна цел и знаете како да ја постигнете.

ЈАРЕЦ
Уште еднаш, вие сте премногу критични и сте навлегле во деталите од вашата работа до степен да им го свртите грбот на колегите. Не сметајте на нивната помош при ретроградниот Меркур. Деловните разговори се проблематични и подобро е да ги одложите. На работа сте расеани, затоа откажете се од новите аранжмани и разговорите за финансиски прашања.

ВОДОЛИЈА
Без многу труд, ќе се справите со најважните задачи закажани за денеска, и покрај тоа што Меркур е ретрограден. На работното место потпирајте се на помошта, но пред сѐ на сопствените знаења и вештини. Ако водите деловни разговори, внимавајте на изјавите, особено критичките, кои неочекувано можат да ви ја уништат деловната врска.

РИБИ
Вашите планови да започнете нова активност која ветува добри приходи ќе се остварат доколку разговорите ги водите на таков начин што ќе ја разбудите довербата кај партнерите и покрај тоа што Меркур е ретрограден. Не споделувајте ги вашите намери и резултатите од разговорите пред да договорите сè, бидејќи ќе го привлечете вниманието на вашите непријатели.

Извор: Нетпрес

To top