Живот и Стил

Дневен хороскоп за среда, 24 февруари 2021 година

Дневен хороскоп за среда, 24 февруари 2021 година

ОВЕН

Работа: На полето работа ќе бидете под предизвик. Наидувате на препреки, во соработката, со договорите, со роковите.

Љубов: Овој ден ја подигнува љубовната енергија, па сега лесно може да оставите силен впечаток на спротивниот пол.

Здравје: Проблеми со дишењето и алергии.

БИК

Работа: Избегнувајте караници на работа затоа што може себе повеќе да си наштетите, отколку да постигнете позитивно решение.

Љубов: Зафатените Бикови треба да бидат трпеливи и толерантни. Нема да биде се „подмачкано“, а овие влијание може да донесат до караници и несогласувања.

Здравје: Стабилно, но може малку да ја поправите исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Многумина од вас ќе разберат дека не се на вистинското место, па на длабок начин ќе почнат да размислуваат како себе си се гледаат во иднина.

Љубов: Овој ден ќе го посветите на страста, привлечноста и оваа енергија ќе ви го „раздрма“ љубовниот живот од корен.

Здравје: Избегнувајте цигари.

РАК

Работа: Поволен период за образование, курсеви, стекнвуање на нови знаења и вештини.

Љубов: Полето на љубов е под силни влијанија на промени, што лесно во вашиот живот може да донесе нова љубов.

Здравје: Водете сметка околу грлото.

ЛАВ

Работа: Оние кои се невработени на малку тежок начин ќе дојдат до саканата работа, па морате да се вооружите со трпение, затоа што за подобра работа ќе мора да чекате.

Љубов: Ќе запознаете личност која е по ваша мерка, која ќе ви биде инспиративна и многу интересна.

Здравје: Мала вртоглавица.

ДЕВИЦА

Работа: Сега е шанса поволна за напредок на работа, само е потребно да имате повеќе иницијатива.

Љубов: Очекувате поволности врзани за тајна љубов, тајна врска, но бидете внимателни затоа што може да дојде до разоткривање.

Здравје: Имате вишок енергија.

ВАГА

Работа: Сега се поволни прилики за спроведување на одличните идеи со наклонетост на колегите и надредените.

Љубов: Периодот на емотивните приспитувања, молчења, сомнителност и незадоволство уште некое време продолжува.

Здравје: Без проблеми.

ШКОРПИЈА

Работа: Оние кои се во приватен бизнис имаат поволни влијание за напредок, ширење на работата, и може да остварите многу добра соработка со партнерите.

Љубов: Доколку уште не се вратила личност од минатото за која страдате, сосема е извесно дека ќе се случи сега.

Здравје: Внесувајте повеќе калциум.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате влијанија кои може да ви донесат и некои нови прилики, но и нешто да менувате, да унапредите и да се здружите со колегите.

Љубов: Голема шанса дека ќе почне убава љубовна приказна, која ќе го одбележи вашиот живот.

Здравје: Одмор ви е неопходен.

ЈАРЕЦ

Работа: Важно е да не се откажете ако наидете на некои пречки, и својата смисла да ја доведете до крај.

Љубов: Личности во брак може да здивнат затоа што најголемите грижи поминуваат.

Здравје: Чувствителни уринарни патишта.

ВОДОЛИЈА

Работа: Бидете внимателни со парите, затоа што ќе имате желба за трошење пари и тоа може да ви донесе проблем.

Љубов: Ако размислувате за развод, одложете ја мислата, затоа што тоа е фаза која ќе помине.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

РИБИ

Работа: Оние кои се во приватен бизнис, овој месец може да направат голем чекор, особено ако се занимавате со работи со странство.

Љубов: Ова е ден на предизвици, слободна љубов, промени, но и прекини.

Здравје: Проблеми со бубрезите.

извор: нетпрес

To top