ОВЕН
Имате впечаток дека неправедно трпите поради некое самоволно однесување. Некој не ги исполнува вашите емотивни очекувања. Вашиот работен успех не претставува врв, но истовремено ни вашите соработници не може да се пофалат со значајни резултати. Посветете се на ведри теми и содржини, потребно ви е психолошко олеснување.
БИК
Потрудете се да го сочувате оптимистичкото расположение и довербата во партнерот. Некој ќе ве израдува на посебен начин. Внимавајте на различните средби и на интересните идеи кои имаат многу важно влијание на понатамошниот тек на работата. Смислите добра акција. Важно е правилно да ја насочувате својата креативна енергија.
БЛИЗНАЦИ
Важно е добро да ги разберете желбите на другите. Внимателно анализирајте ја саканата личност или работите кои делуваат мистично. Некој ве наведува на погрешен заклучок или лош избор. Поради тоа бидете внимателни пред личноста која има двострани мерила. Внимавајте на правилна исхрана.
РАК
Во средбата со драгата личност, инсистирајте на емотивно зближување. Препуштете се на емотивната инспирација. Успехот подразбира и проширена соработка, и потребно е да превземете контрола во одлучувачките ситуации. Важно е да чувствувате позитивен поттик и креативна енергија.
ЛАВ
Во емотивниот живот погрешно проценувате нечие однесување. Премногу сте субјективни и лесно се потресувате пред блиската личност. Ви недостасува реалниот увид во работните можности. Важно е да се прилагодите во различните услови, и да го почитувате мислењето на мнозинството. Избегнувајте ги стресните ситуации, опуштете се.
ДЕВИЦА
Тешко ви е мирно да прифатите нечиј одговор, лесно губите надеж во среќен крај на љубовната епизода. Се наоѓате во непријатна ситуација, и поради тоа избегнувајте афективно однесува пред соработниците и побарајте поддршка. Немате причина за преголема загриженост. Опуштете се.
ВАГА
Дозволете си себе целосно емотивно уживање или некоја возбудлива забава за двајца. Ве радува нечие присуство и повик за средба. Понекогаш некои предизвици делуваат како дополнителна поддршка во намерата да ги докажете своите професионални способности. Се наоѓате во одлична психо-физичка форма.
ШКОРПИЈА
Во средбата со саканата личност, нема потреба дас е возбудувате поради „ситници“ кои отежнуваат заеднички договор. Пробувате да се ослободите од некои дополнителни обврски, но колку и да се трудите не го постигнувате саканиот ефект. Положбата на Месечината влијае на вашата вознемиреност.
СТРЕЛЕЦ
Избегнувајте личност која премногу ве оптоварува со своите барања. Нема причина да се однесувате неодговорно во средбите со соработниците, упорно ги повторувате погрешните потези. Важно е да ја сочувате рамнотежата.
ЈАРЕЦ
Делувате нерасположено на некоја забава. Партнерот подготвено одговара на вашиот повик и искрено сака да ви угоди. Препуштете на соработниците да ги одработат тешките работи или да ги заштитат заедничките интереси. Забавете го својот забрзан ритам. Важно е дека околу вас постои позитивна поддршка.
ВОДОЛИЈА
Внимавајте на интересувањата на партнерот, не може да добиете се што сакате и упорно да ја наметнувате својата волја. Не криете дека имате големи очекувања, и не може да се помирите со просечни резултати. Делувате снаодливо, и се наоѓате во одлична психофизичка форма.
РИБИ
Ја контролирате својата импулсивна природа пред личноста која има поинакви интереси. Постојат различни работни непријатности, но делувате како личност која се држи под строга контрола. Избегнувајте напорни ситуации.
Извор: Нетпрес.мк