Живот и Стил

Дневен хороскоп за среда, 11 ноември 2020 година

Дневен хороскоп за среда, 11 ноември 2020 година

ОВЕН

Работа: Соработката со надредената личност ве фрустрира. Другата страна не ги прифаќа вашите идеи затоа што излегуваат од рутината.

Љубов: Изненадени сте од новото познанство. Ви се допаѓа што другата страна изгледа стабилно.

Здравје: Дишните органи се чувствителни.

БИК

Работа: Областа околу судења и правда лошо стојат за вас, и незадоводолни сте од некоја пресуда.

Љубов: Бракот минува низ сериозна криза. Иако односот е многу лош, се надевате дека бракот ќе опстане.

Здравје: Можна е уринарна инфекција.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Соработката не се одвива на задоволителен начин. Не само што доаѓа до прекин, туку слаби се шансите повторно да се обнови.

Љубов: Непотребно сте љубоморни. Партнерот ве разбира и ви дава чувство на сигурност.

Здравје: Коските се чувствителни.

РАК

Работа: Одлично се сложувате со странските партнери. Воодушвени сте што имате слични погледи, очекувања и цели.

Љубов: Емотивно сте незадоволни долг период. Конечно, ја прекинувате врската без грижа на совест.

Здравје: Внимавајте на исхрана.

ЛАВ

Работа: Работата не ве загрижува толку колку финансиите. Не се сеќавате дали некогаш вака лошо финансиски сте стоеле.

Љубов: Саканата личност е чувствителна. Вашите напори да го решите проблемот не носат резултати.

Здравје: Време е да посетите стоматолог.

ДЕВИЦА

Работа: Тотален хаос на работа. Се што сте испланирле, работни обврски и распоред, изненадувачки се менува.

Љубов: Не ви годат промени. Не сте заинтересирани за средба со партнерот.

Здравје: Под стрес сте и неопходен ви е одмор.

ВАГА

Работа: Работната ситуација е одлична. Работата нормално се одвива, без потешкотии. Финансиите се стабилни.

Љубов: Незадоволни сте од односот со партнерот. Врската ве заморува некое време и го откажувате состанокот.

Здравје: Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Работа: Ситуацијата на работа иритира. Поради вашите работни цели и натаму мора да бидете во контакт со личност која не ви одговара.

Љубов: Партнерот е нерасположен. Пробувате да дознаете што довело до ваквата ситуација.

Здравје: Чувствителни гениталии.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Односот со колегите е незадоволувачки. Имате впечаток дека не се подготвени за нови, поинакви, ваши идеи.

Љубов: Не сте задоволни од врската и ја прекинувате. Ви здодеа нестабилноста на другата страна.

Здравје: Проблеми со синуси.

ЈАРЕЦ

Работ: Незадоволството од работната ситуација е на врвот и вие дефинитивно ја прекинувате соработката.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност не е најдобра. Додека вие сметате дека нема надеж за врската, другата страна смета дека има.

Здравје: Проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Соработката со странците е одлична. Ве воодушевува што имате исти погледи на проектот.

Љубов: Не сте заинтересирани за емотивниот сегмент и фокусирани сте на сопствените потреби.

Здравје: Стабилно.

РИБИ

Работа: Уживате во работниот успех. Не сте очекувале дека толку силно ќе одекне, па затечени сте од пофалбите.

Љубов: Одличен ден за ново познанство. Ве привлеква стабилноста и силината со која другата страна зрачи.

Здравје: Се чувствувате добро.

извор: Нетпрес

To top