ОВЕН
Голема поддршка од овие со кои стапувате денес во контакт, бидејќи го имате правиот пристап и луѓето ги прифаќаат Вашите идеи и водство. Овој ден е совршен да запознаете особа која ќе Ве освои и шармира на прв поглед. До крај на денот можно е да договорите средба и состанок со неа.
БИК
Осеќате дека малку Ви фали да направите важен договор и ја вложувате цела Ваша енергија на реализација. Некој неочекуван трошок за момент ќе го расипе Вашето расположение. Сепак во другиот дел од денот, кога Вам Ви претстои средба со саканата особа, повторно се враќате во Вашиот стар оптимистички фазон.
БЛИЗНАЦИ
Денес Ве чекаат многу обврски и прашање е како како ке успеете да ги завршите. немојте да дозволите да се изгубите во се она што морате да го завршите. Немојте да ја одлагате средбата со саканата особа затоа што може да ви замери на тоа.
РАК
Не сте ја добиле очекуваната поддршка од страна на колегите и деловните соработници и јасно Ви е дека целиот терет и обврски морате да го превземете Вие. Ова многу ќе Ве исцрпи и прашање е дали ќе бидете во доволно добро расположение да се видите со партнерот.
ЛАВ
Некои вести многу Ве израдувале, се однесуваат на деловен и финансиски сегмент. Кај поединци ова може да биде новост поврзана со запослување или промена на договорот за работа. Осеќате голема привлечност спрема особа која неодамна сте ја запознале.
ДЕВИЦА
Чекате некои новости за почеток на нова работа или проект и се осеќате како на игли. Ако ова успеете да го завршите ќе може да се радувате на зголемен прилив. Мали спорови во односот со саканата особа, поготово ако сте во брак.
ВАГА
Кратко несогласување во однос со претпоставените во средина на денешниот ден. Свесни сте дека сте имале најдобри намери, па нема многу да се оптеретувате во врска со тоа. Драго Ви е што некој реагира на Вас и отворено Ви го покажува тоа. Уживате во флертување.
ШКОРПИЈА
Нема потреба да бидете несигурни во самите себе. Вашата интуиција денес е повеќе од добредојдена и лесно можете да ја свртите ситуацијата во посакуваниот правец. Разговор со некој кој ви е емотивно многу важен. Се осеќате како се повеќе да се приближувате кон оваа особа.
СТРЕЛЕЦ
Промените кои се обидувате да ги направите се одвиваат споро а нема ни да комуницирате на вистински начин и со оние кои најмногу работите. Премногу сте уморни и исцрпени, такашто ќе Ви одговара да поминете мирно попладне со Вашиот партнер. Без многу разговор, само прегратки.
ЈАРЕЦ
Денес е тешко да се согласите со некои луге, но тоа не треба Вас да ве обесхрабрува. Продолжете со она темпо и начинот кој сте го зацртале. Потребна Ви е поддршка од саканата особа и сакате да Ви се посвети. Можеби нема да можете да поминете онолку време колку Ви е сега потребно.
ВОДОЛИЈА
Совршен ден за она што сте го планирале да го направите. Ќе Ви оди се лесно од рака, а и околностите се на Ваша страна, па зграбете ја приликата некои потешки работи да ги доведете до крај. Многу сте задоволни со постигнатото. Одличен однос со саканата особа, а на слободните можност за нови познанства.
РИБИ
Морате некои работи да ги промените за да успеете да се вклопите со другите и да ја завршите работата или обврската која сте ја испланирале. Очекувате поддршка од некои луѓе но денес нема да имате можност да се потпрете на нив, туку само на себе. Се осеќате емотивно дистанцирано и се повлекувате.