ОВЕН
Концентрацијата не ви е силна страна, па така правите некои мали грешки. Емотивно сте презадоволни. Вашите емоции се силни. Другата страна не го дели вашиот ентузијазам по прашање на врската. Наклонети сте кон повреди и инфекции.
БИК
Работата се одвива на регуларен начин. Ве очекува прилив на пари, но тоа ќе го третирате како тајна. Присутна е тајна симпатија со која имате тајна комуникација. Официјалниот партнер не знае ништо за тоа. Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува зголемен обем на обврски, а сред заморот ви паѓа концентрацијата. Подобро е да се одморите, отколку да правите грешки. Задоволни сте од врската. Верувате дека има огромен потенцијал. Чувајте ги дишните органи.
РАК
Задоволни сте од ситуацијата на работа. Вредни сте, одговорни и правите нови планови. Пречувствителни сте. Погрешно ги сфаќате зборовите на партнерот и поради тоа вашата реакција е бурна. Солидно здравје.
ЛАВ
Област на судење е лошо прикажано. Доколку имате рочиште, нема да поминете добро. Не сте посветени на партнерот. Приметувате дека не е добро расположен, но ве интересира што придонело да дојде до таа ситуација. Занимавајте се со рекреација, таа ве опушта.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат тешкотии на работа. Иако се трудите да ги надминете, не успевате во тоа. Поради тоа сте демотивирани. Пред вас е ново познанство со личност која ќе остави добар впечаток. Нестабилен притисок.
ВАГА
Заинтересирани сте за подобрување на финансиите. Од таа причина правите нови планови со соработниците. Врската е во криза и не успевате да ги решите проблемите. Нe сте сигурни дали врската може да опстане. Организамот е во фаза на регенерација.
ШКОРПИЈА
Во случај на било какви правни прашања или комуникацицја со претставниците на медиумите, ве очекува нервоза. Ви се допаѓа личност за која не знаете како и да пријдете затоа што не ја познавате добро. Чувајте се од инфекции на дишните патишта.
СТРЕЛЕЦ
Натпреварувачки сте настроени. Не ве интересира работата поради работа туку поради тоа да покажете дека сте поспособни од другите. И покрај емоциите кои ги имате кон партнерот, кон него сте груби. Стабилно здравје.
ЈАРЕЦ
Вашите работни планови се од таен тип: барате нова работа во тајност или држите некои планови за себе. Не сте задоволни од однесувањето на брачниот партнер затоа што се и пречи и не престанува со критикување. Чувајте се од повреди.
ВОДОЛИЈА
Имате нагласено одговорен став кон обврските. Обрнувате внимание и на најмали ситници и претерувате во тоа. Ве очекува голема караница во која двајцата ќе имате за цел да се повредите меѓусебно. Нервозни сте.
РИБИ
Задоволни се од ситуацијата на работа. Работата нормално се одвива без никакви тешкотии, а финансиите се стабилни. Планирате разговор со брачниот партнер на тема заминување од земјата. Не сте сигурни дали партнерот ќе ве поддржи. Добро се чувствувате
извор: Нетпрес