Живот и Стил

Дневен хороскоп за петок, 24-ти јуни 2022-ра

Дневен хороскоп за петок, 24-ти јуни 2022-ра

ОВЕН
Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостaсуваше во минатото. За жал, паралелно пристигнуваат и нови обврски коишто ќе ја засенат сета убавина од овој период. Пред вас е напорна работа за којашто нема да ја добиете очекуваната награда.

БИК
Се правите дека не ја забележувате незаинтересираноста на вашата сакана личност. Мислите дека со игнорирање ќе го избегнете проблемот, а вистината е дека со прикривање ја влошувате и онака напнатата ситуација. Разговарајте, работите не се црни како што моментално ви се чини.

БЛИЗНАЦИ
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Главна тема се лагите или тишините, без разлика дали се ваши или блиски. Неизвесноста за исходот може да предизвика голема непријатност што ќе ве натера да се чувствувате дури и болни. Надминете ги вашите стравови бидејќи кризата е привремена.

РАК
Од страв да не ја разнишате привидната стабилност во врската, целата вина ја преземате врз себе. Може да влезете во сериозен конфликт, бидејќи сте го прецениле сопсвеното трпение. Промените во приватниот живот ја нарушуваат и рутината во вашата секојдневна работа.

ЛАВ
Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денешните настани нема да ви донесат големи промени, освен што околностите ќе ве натераат да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за некој како вас.

ДЕВИЦА
Денот носи голема шанса да ги реализирате плановите од кои сте се откажале. Добивките се сигурни и може да ви се вратат некои пари од коишто веќе сте се откажале. Пред да ги вложите тие пари во нешто, направете добра пресметка.

ВАГА
Ви претстојат многу обврски. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, а всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од заситеноста, па итно ви треба или промена на работното место или кратка пауза.

ШКОРПИЈА
Целото ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во кругот на вашето семејство. Кулминацијата може да дојде денеска, бидејќи аспектите на небото најавуваат моментални и принудни промени. Не бегајте од проблемите, решително одете на пресрет на промените.

СТРЕЛЕЦ
Сите очи се вперени во вас. Опкружени сте со луѓе чијашто судбина, на некој начин, зависи од потезите што треба да ги направите. Непријатното е во тоа што сте свесни дека не можете да поштедите некои луѓе, иако не го заслужуваат тоа. Не мешајте ги емоциите и работата.

ЈАРЕЦ
Иако чувствувате по кој пат треба да одите вашиот натамошен професионален развој, сепак се двоумите. Доколку прифатите каква и да е понуда во овој момент, дури и ако таа не е примамлива на прв поглед, на долг рок ве очекува значителна промена, особено на финансиски план.

ВОДОЛИЈА
Вашата прелувствителност денеска доаѓа до израз. Оптоварени сте со туѓи мислења додека, во исто време, работите по своја дискреција. Крајно време е да одлучите, или ќе играте како што играат другите, или ќе замижувате пред тоа што го зборуваат другите.

РИБА
Вашата самодоверба и арогантен однос полека почнуваат да ја иритираат околината која веќе некое време има значително трпение за сите. Доколку не го поправите своето однесување, може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве натера да се засрамите.

извор:netpres.kom.mk

To top