ОВЕН
Имате впечаток дека сте замислиле генијални идеи, но колегите не го делат вашето мислење. Се обидувате да освоите симпатија зборувајќи за себе во суперлативи. Другата страна е свесна дека претерувате. Наклонети сте кон инфекција.
БИК
Организирани сте, вредни и имате јасни цели. Не дозволувате никому да се меша во вашата работа. Фокусирани сте на тајна врска. Сите планови ги насочувате кон таен состанок. Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Колегите го респектираат вашиот начин на размислување. Од таа причина бараат објективен совет и вие им го давате. Идете кон линија на мал отпор и го одржувате бракот затоа што не сте подготвени за промени од корен. Чувствителен дигестивен систем.
РАК
Внимавајте што зборувате со колегите. Некој зборови може да бидат погрешно разбрани и интерпретирани на други колеги. Се обидувате да ја сокриете љубомората, но партнерот тоа го забележува. Чувствителен дигестивен систем.
ЛАВ
Наидувате на тешкотии кои ја надминуваат вашата коментеција. Се обраќате на надредената личност поради проблемот. Одличен ден за ново познанство. Имате впечаток дека другата страна е личност со страст. Притисокот е нестабилен.
ДЕВИЦА
Не се снаоѓате најдобро во „морето“ од проблеми. Имате впечаток дека ги има премногу дури и за ваш вкус. Партнерот приметува дека не сте расположени поради ситуацијата на работа. Прави се што е во негова моќ да ве орасположи. Проблеми со притисокот.
ВАГА
Комуникацијата со странските соработници е интезивна. Тие не се отворени кон вас, па пожелно е да бидете внимателни. Не се чувствувате добро во врската. Наместо да го решите проблемот, прекинувате врска. Проблеми со хормоните.
ШКОРПИЈА
Многу сте самоуверени и убедени дека вашите планови се најдобри. Приказната ви е толку убедлива што колегите ги прифаќаат вашите идеи. Уживате во тајна врска. Се чувствувате сакано и емотивно исполнето. Ви треба физичка активност.
СТРЕЛЕЦ
Задоволни сте од стабилната ситуација на работа. Се се одвива според план. Ви доаѓа и прилив на пари. Не сте претерано фокусирани на партнерката. Не гледате дека има проблеми. Одлично здравје.
ЈАРЕЦ
Иако сте релативно задоволни од работната ситуација, на надворешните соработници им ја презентирате подобро од што во суштина е. Ви се допаѓа емотивната стабилност на партнерот, но посакува малку повеќе да е наклонет кон покажување на емоции. Можна несоница.
ВОДОЛИЈА
Загрижени сте поради ситуацијата на работа. Работата стагнира и се плашите од идни последици. Одличен ден за ново познанство, но вие сте несериозни. Не ве интересира каков впечаток оставате на другата личност.
РИБИ
Полни сте со позитивна енергија и имате впечаток дека се можете да постигнете. Некои работни идеи не можат целосно да се применуваат. Осамени сте, и поради тоа нерасположени. Се прашувате кога ќе запознаете нов партнер. Проблеми со хормоните.
извор: нетпрес