ОВЕН
Денот е исполнет со работа која најмногу е поврзана со семејни и трајни набавки на прехранбени продукти. Успешното завршување на службените задачи ви носи признание. На работа бидете совршени доколку сакате да добиете заслужено унапредување. Деловните претставници на знакот не треба да договараат инвестиции во текот на ретроградното движење на Меркур.
БИК
Бидете внимателни кога се среќавате со деловни партнери. Предлогот да се вклучите во нов бизнис бара од вас да внимавате на крајот да не бидете во загуба, а и ретроградниот Меркур ги попречува. Не се соживувајте во обидот да ве вовлечате во уште една семејна расправија предизвикана од роднинска нетрпеливост и поделба на имотот, со коишто ве преокупираат уште еден ден од нивните несоласувања.
БЛИЗНАЦИ
Не влегувајте во искушение да влегувате во разговори поврзани со интриги, поткопувајќи нечиј авторитет, дури и доколку сте негативно импресионирани од нечија дрскост и нечесност. Подобро да држите дистанца. Доколку се вмешате, ќе си создадете непријатели. Деловните состаноци нема да ви донесат успех, особено со неисполнетите барања од ретроградниот Меркур. Расеаните сте и подобро е да не го преоптоварувате работното место.
РАК
Откажете се од планираното патување, бидејќи ќе ви го расипе расположението. Причината се каприците на вашите најблиски. На работа, не се расправајте жестоко со колегите, особено поради интервенцијата на ретроградниот Меркур. Искористете ја можноста за запознавање и патување во странство, што неочекувано ќе ви открие нови можности за професионално изразување.
ЛАВ
За жал, колку и да се надевате, нема да ги надминете тешкотиите, особено доколку неразумно ги трошите парите во текот на ретроградниот Меркур, кој се обидува да ве заштити од грешки. Бидете трпеливи на вашето работно место. Наместо тврдоглавост и да бидете нервозни и избувливи, покажете ја потребната активност и темелност за да ги завршите вашите задачи и вечерта да ѝ се предате на почивката.
ДЕВИЦА
Пред вас е мирен и ден предодреден за активна и плодна работа. Не се ставајте во искушение да патувате како што налагаат барањата од ретроградниот Меркур. Правете промени само ако вашите цели се остварливи. Доколку имате раководна позиција, немојте да мислите дека денеска имате право да барате од вашите вработени да работат повеќе од дозволеното. Ќе ги оддалечите од себеси.
ВАГА
Најдобро е да работите од дома доколку можете, бидејќи сте подложни на здравствени проблеми и настинки кои ги носи ретроградниот Меркур, што нема да ви се допадне. Оние од вас кои треба да одат на своето работно место, да бидат внимателни. Собирате успеси кои ги нервираат вашите непријатели. И денеска се обидуваат да ве дискредитираат. Не патувајте.
ШКОРПИЈА
Цел ден сте на подложени на тестирања затоа што сте во спротивност со барањата на ретроградноста на Меркур. Вашите најблиски постојано ве бомбардираат со невозможни барања кои ве прават нервозни и депресивни. Наполнете се со добро расположение. Стабилизирајте го она што сте го постигнале досега и заборавете на обврските за овој ден, дури и ако ве искушуваат.
СТРЕЛЕЦ
Заборавете на намерата да патувате со блиските, бидејќи сте уморни. Напнатоста ве наштетува, а трошоците можат да доведат до лични загуби бидејќи Меркур и натаму е ретрограден. На вашето работно место, бидете умерено активни. Бидете внимателни во деловните разговори и состаноци доколку треба да ги одржите токму денеска, бидејќи сте расеани и може да доживеете неуспех или да пропуштите некоја важна изјава.
ЈАРЕЦ
Од една страна сте зафатени со службените задачи, а од друга сакате да си дадете повеќе одмор, но тоа е можно дури по завршувањето на работниот ден. Тешко е после настаните од претходните денови да се фокусирате на вашите обврски, особено со барањата на редроградниот Меркур. Избегнувајте дополнителна напнатост. На вашето работно место, на ваше изненадување, ќе пожнеете успех.
ВОДОЛИЈА
Денот е напнат, натоварен со многу работа, но ви носи позитивни емоции доколку ги избегнете средбите со пријателите и роднините, кои претежно ве иритираат. Доколку е потребно да преземете нови задачи, не приговарајте со мрморење, туку бидете смирени и одговорни и не влегувајте во спритиставеност со ретроградниот Меркур. Разговарајте за вашите нови бизнис идеи со колегите, без да го поставувате нивниот почеток.
РИБИ
Дозволете си еден ден самотија пред деновите за почивање, особено ако успеавте да земете слободни денови, препуштете се на вашето хоби и пријатни моменти со најблиските луѓе. Ако морате да работите, завршете ги задачите до пладне, поради барањата на ретроградниот Меркур, уверени дека ќе се снајдете. Очекувајте вести за заработка. Вашето оптимистичко расположение ќе ви помогне брзо да ги надминете тешкотиите.
Извор: Нетпрес