ОВЕН
Можни се потези кои суштински ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку размислувате за парични позајмници, најдобро е да се откажете, бидејќи по потпишувањето на договорот ќе ве чека непријатна клаузула која не сте ја забележале навреме.
БИК
Соочени сте со нерамнотежа меѓу она што рационално го знаете и она што интуитивно го чувствувате. Се двоумите, премногу е луцидно да донесете важна одлука заснована само врз чувството, без начин да го докажете тоа. Не се правдајте пред никого, вашиот суд е непогрешлив.
БЛИЗНАЦИ
Прифативте обврски кои не се во согласност со вашата природа. Се тешите така што на сѐ гледата како на привремен проект кој, кога ќе биде завршен, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен партнерот, внимавајте, распределбата на улогите би можела да стане навика.
РАК
Имате шанса во текот на денот да ви се укажен можност да го преземете водството во деловен потфат кој се подготвува. Ако внимателно се организирате и не го трошите својот потенцијал, оваа можност може да се претвори во животна можност.
ЛАВ
Оптоварени сте со работата. Иако атмосферата е напната, вашата нетрпеливост може уште повеќе да ја отежне ситуацијата, не само за вас, туку и за околината. За да избегнете непријатности, мора да им одолеете на бројните искушенија и провокации. Не влегувајте во непотребни дискусии.
ДЕВИЦА
Под голем притисок сте. Од вас зависи дали ќе ги спроведете одлуките кои не влијаат само на вас. Од друга страна, потребна ви е поддршка од партнерот, но не ја добивате. Можеби ова е можност да преземете целосна одговорност и сами да ги завршите работите
ВАГА
Можете да играте значајна улога и да го олесните непремостливиот јаз меѓу членовите на вашето семејство. Ова значително би го подобрило вашето расположение и би ја вратило разнишаната самодоверба, која можеби потајно ве мачела во минатото.
ШКОРПИЈА
Ви претстои финансиска добивка, која ќе ве натера да сакате да го забрзате темпото. Не залетувајте се и не се преоптоварувајте со дополнителни обврски, туку трошете ја позитивната енергија во кругот на семејството, бидејќи тоа е полето кое без промашување ве исполнува и исцелува.
СТРЕЛЕЦ
Доколку имате некои проблематични односи коишто досега не сте ги расчистиле, овој ден ви нуди решение. По прераспределбата на обврските, ве очекува пријатно изненадување, бидејќи ќе добиете неочекуван поттик од туѓа личност којашто не ви беше симпатична.
ЈАРЕЦ
Нешто што сте го чувале во тајност може да ја види светлината на денот денеска. Без оглед на тоа што внимателно сте ја подготвувале секоја поединост, токму сега ќе откриете низа грешки коишто ќе го доведат во прашање целиот ваш план. Не паничете, успехот е извесен.
ВОДОЛИЈА
Од страв да не ја разнишате привидната стабилност во врската, целата вина ја преземате врз себеси. Може да влезете во сериозен конфликт, бидејќи сте го прецениле сопственото трпение. Промените во приватниот живот ја нарушуваат и рутината во вашето работно секојдневие.
РИБИ
Ве измачува сомничавоста, па подигнувате ѕидови околу себеси. Наместо да бидете љубоморни, соберете се и вратете си ја самодовербата. Партнерот ќе ве награди повеќекратно, а вие ќе најдете нова љубов во себе, онаа за која мислевте дека не постои. Верувајте во себе и ќе успеете.
извор:netpres.com.mk