Живот и Стил

Дневен хороскоп за четврток (19. декември 2019)

Дневен хороскоп за четврток (19. декември 2019)

Овен

Доколку денес на работата не ви оди се’ од рака размислете дали некој околу вас има некоја друга идеја која ја форсира на ваша сметка. На љубовен план, навистина личноста која ви праќа одредени сигнали го привлекува вашето внимание, но сепак имате проблеми со тоа како да ја разберете што сака да ви каже.

Бик

Без разлика дали вие нештото го знаете подобро од другите сепак вашата упорност во моментот влијае негативното на вашите колеги. Оставете ги работите малку да се изладат. На љубовен план, не можете саканата личност да ја убедите да ја промени одлуката која ја има за некои работи а вие истото не го одобрувате.

Близнаци

Денес особено ќе почувствувате потреба од некој да ви помогне, затоа што повторно ќе ви се насоберат многу обврски, а вие ќе бидете со мала енергија. На љубовен план, не поставувајте и’ дополнителни прашања на вашата сакана личност кои ви ги наметнува некој од страна.

Рак

Иако некој денес ќе ви наликува на сосема нормална личност за соработка, сепак бидете со резерва затоа што денес не ви се наклонети ѕвездите кога станува збор за работата. На љубовен план, среќата е на вашата страна се’ додека се трудите да го сочувате убавото во љубовта

Лав

Иако денес ќе се обидете да разрешите некое недоразбирање на работата, сепак истото нема да ви тргне од рака. На љубовен план, обидете се да не ги преувеличувате вашите сомнежи, затоа што тоа како што кажува и самиот збор може да се само чисти сомнежи и ништо повеќе.

Девица

Иако денес ќе се обидете да бидете подоминантни во друштвото, сепак некои ситуации ќе ви го попречат истото задоволство. На љубовен план, опуштете се во прегратката на вашиот партнер таму не мора да се докажувате на никого.

Вага

Иако не ви се допаѓаат одредени идеи, сепак не сте сигурни како да изреагирате, а никого да не повредите. На љубовен план, престанете да ти потиснувате емоциите едноставно некогаш мора да ги извадите истите од вас. Поинаку нема да може да издржите.

Шкорпија

Иако можеби денес нема да имате особена поддршка од вашите колеги, сепак доволно ќе сте сконцентрирани самите да си ја завршите вашата работа. На љубовен план, денес ќе сакате да излезете и да се забавувате без или со вашиот партнер.

Стрелец

Иако можеби навистина имате генијални идеи, сепак сочувајте си ги истите за себе, пред да ги оформите целосно и да ги изнесете тогаш пред сите. На љубовен план, посакувате многу повеќе од она што го добивате но некогаш мора да се помирите со фактот дека можеби тоа е тоа што во моментот може да го имате.

Јарец

Денес ќе се чувствувате доста конфузно затоа што ќе сакате да смените нешто во врска со самите вас но истото ќе ви оди малку потешко. На љубовен план, едноставно е: направете го она што го чувствувате.

Водолија

Бидејќи сте разочарани со она што го гледате околу себе, денес ќе ги анализирате сите постапки на вашите соработници. На љубовен план, искористете ја можноста кога вашиот партнер ви ја нуди целата негова поддршка и уживајте во неа.

Риби

Немој од вас денес може да побара да го смените вашето однесување но вие нема да го направите тоа затоа што ќе сметате дека барањето доаѓа од немомпетентна личност. На љубовен план, не провоцирајте го вашиот партнер со вашето кокентно однесување да не си предизвикате непотребна недоверба.

извор: кумановоњус

To top