Живот и Стил

Дневен хороскоп за четврток, 18-ти јануари 2024-та година

Дневен хороскоп за четврток, 18-ти јануари 2024-та година

ОВЕН
Иако денот е стресен а вие сте нервозни, не пропуштајте ги успешните потфати. Не покажувајте без причини агресија кон колегите, затоа што тие не сакаат да ви обрнуваат внимание, доколку сте решиле да си дадете неколку минути одмор а тие се зафатени, затоа што ќе стекнете непријатели. Успехот ви е загарантиран, како и пријатните емоции што можете да ги создадете вечерта.

БИК
Вашата лична одговорност ви го гарантира успехот. Не размислувајте за промена на работното место, затоа што имате „тежина“ на сегашната позиција и ќе зажалите. Бидете одлучни и не дозволувајте колегите, подложни на нивниот песимизам, да не успеат во планираните задачи, иако компромисот е невозможен.

БЛИЗНАЦИ
Денеска сте во топ форма, но не ви оди во прилог да размислувате за инвестиции. Успехот ќе ве следи доколку преземете дополнителни задачи. Не двоумете се, туку бидете активни. Успевате во сите потфати. Заштитете се од непотребни трошоци кои можат да ја дестабилизираат вашата финансиска состојба.

РАК
Не ве советуваме да договарате зделка со недвижен имот, дури и доколку сте ја планирале, бидејќи тоа нема да биде во ваша полза, а изненадувањата што ве очекуваат се поврзани со финансиски загуби. Не доцнете на работа ако сте на должност и веќе имате од претходно натрупани доцнења. Може да си издејствувате деградирање, што ќе ве повреди.

ЛАВ
За вас овој ден е поврзан со успешни потфати и исполнети соништа, иако не сте го очекувале. Не препуштајте се на вашиот песимизам и не паѓајте во непотребна депресија, туку бидете борбени и самоуверени – тоа ви го дозволува и ве поддржува судбината. Ќе го сфатите тоа уште пред крајот на работното време.

ДЕВИЦА
Денеска заштитете се од финансиски неред. Не дозволувајте да бидете изманипулирани да работите за некој друг. Доколку видите дека не можете да се носите со работата, одложете ги договорените деловни состаноци, но грижете се за службените задачи. Очекувајте приходи.

ВАГА
Вашите материјални аспирации можеби ќе треба да почекаат уште некое време, бидејќи тие се причина за тешкотиите на коишто наидувате на работното место, но тоа е вашата цел и ќе ја постигнете. Непризнавањето од колегите го „заработувате“ поради способноста да се справите со сите ваши проблеми, што ви носи и приход и признание.

ШКОРПИЈА
Донесете ги вашите нови методи и нови идеи кои сакате да ги имплементирате на работното место, но само за дискусија а не за да ги наметнете веднаш. Објаснете им на колегите дека и тие ќе имаат полза од нив. Пред вас е успешен ден и на личен и на професионален план. Бидете оптимисти и останете на вистинскиот пат.

СТРЕЛЕЦ
И покрај грижите, ќе добиете очекувано и заслужено признание, бидејќи блескате со вашиот интелект. Емоцијата ќе ви прави немир уште од утрото, доколу си сугерирате дека денот нема да ви биде успешен, иако можете само да го промашите. Ако се предадете на вашиот песимизам, ќе ја уништите вашата шанса да заблескате во ореолот на успехот што е веднаш до вас.

ЈАРЕЦ
Бидете одговорни на вашето работно место и не трошете го вашето време на непродуктивни активности. Бидете трпеливи со критиките, особено конструктивните критики. За да го постигнете она што сте го зацртале во однос на вашите планови, слушајте ги советите на вашите колеги, особено ако тие веќе го изминале вашиот пат.

ВОДОЛИЈА
Имате можност да ја подобрите финансиската состојба и да направите профитабилна инвестиција преку успешни преговори. Почнувате да се нервирате поради постојаните барања на партнерот, кој шпекулира со вашата желба да бидете од помош. Разјаснете ја вашата врска и внимавајте на вашите должности.

РИБИ
Ако сте направиле планови како да ги вложите парите, не ги споделувајте на маса со луѓе кои ви завидуваат и се подготвени да ве удават во капка вода. Не ја трошете можноста за успех, тоа нема да се повтори наскоро. На вас останува да се ослободите од вашата емоционална нестабилност, а денот ви ветува и приходи и шанса да освоите нов професионален врв.

Извор: Нетпрес
To top