ОВЕН
Слушајте ја својата совест и бидете конструктивни во вашите одлуки. Денеска ќе бидете ефекасни во напорите да ја завршите навреме започната задача или работен проект, што ќе биде причина за задоволство. Финансиските проблеми ќе ве напуштат, макар и на кратко, по што ќе во олесни.
БИК
Побарајте поддршка од луѓето со кои работите за да ви помогнат да се справите со вашите проблеми. Исто така, бидете трпеливи со задоцнетите проекти, менување на роковите или невраќањето позајмени пари. Работите наскоро ќе си дојдат на свое место. Вечерта ќе организирате пречек на личност која доаѓа од далеку или друга пријатна средба.
БЛИЗНАЦИ
Вашите високи барања бараат да не застанувате во вашиот развој, и професионален и личен. Вашите добри контакти ќе бидат корисни кога барате повеќе информации за тема којашто е од ваш интерес. Културните интересирања ќе ве одведат на интересно место, меѓу луѓе кои делат заеднички возбудувања.
РАК
Моментот е погоден да размислите за вашата професионална квалификација, да започнете со учење странски јазик или друга обука. Неопходно е јавно да ги објавите сите вредни информации кои се поврзани со вашиот бизнис.
ЛАВ
Денот носи финансиски и други придобивки за оние од вас кои активно работат. Ќе се грижите за деталите, сфаќајќи ја важноста на секој од нив. Верна личност ќе ви подаде рака во вистински момент и заедно ќе барате промена. За некои тоа ќе биде најизразено во личниот живот.
ДЕВИЦА
Бидете потолерантни кон другите, за да можете да го разберете нивното гледиште и да спречите можни недоразбирања. Дома не дозволувајте вашата преголема критика да го расипе расположението и на вашите најблиски. Грижете се и за вашите лични потреби. Имате одамна задоцнети лични обврски.
ВАГА
Денот е особено успешен за оние од вас кои се зафатени со сопственото образование. Ги постигнувате своите цели кои долго време најмногу ве возбудуваат. Ги достигнувате работите што сте ги пропуштиле, и тоа во голема мера ќе ја подобри вашата самодоверба. Не заборавајте да му честитате на некој близок за неговиот личен успех. Вечерта ќе посетите настан кој ќе ве опушти.
ШКОРПИЈА
Воспоставената добра соработка со луѓе од вашето поле на интереси ќе ви овозможи да планирате и нови задачи. Деловен предлог ќе натера некои од вас сериозно да размислат за можноста да ја смените работата на подобро платено работно место. Но, не се исклучуваат непредвидени околности кои можат да донесат напнатост во вашиот работен ден.
СТРЕЛЕЦ
Бидете внимателни на работа. Атмосферата ќе биде склона кон конфликти, затоа направете повеќе компромиси. Нова идеја ќе ве преокупира и кон неа ќе ја насочите својата енергија. Семејството ќе ве поддржува и атмосферата дома ќе се подобри. Вести од саканата личност која живее далеку.
ЈАРЕЦ
Силен ден за деловните луѓе, ќе склучувате договори и ќе започнете долгорочни проекти. Деловните партнери ќе ги прифатат вашите предлози или корекции, а вие лесно ќе го преземете врвот. Вашата самодоверба е оправдана, но не ја покажувајте вашата супериорност пред другите.
ВОДОЛИЈА
Рутинските активности или започнувањето нова работа се меѓу можностите на денот. Го цените вашето слободно време и во таа насока ќе се подготвувате за претстојниот викенд. Други, пак, ќе вложат напори во една зделка, но резултатот нема да ги разочара. Новите придобивки ќе ви го направат животот попријатен.
РИБИ
Со вашето урамнотежено однесување денеска ќе се помирите и ќе најдете заеднички јазик со секакви луѓе. Тешкотиите на работното место што досега стоеја на патот ќе бидат заборавени. Судбината се грижи да имате душевен комфорт и да уживате во задоволувачки односи со луѓе кои се блиски по дух и интереси до вашите.