ОВЕН
Вашите успеси во бизнисот ви дозволуваат да направите поголеми планови за иднината. Консултирајте се со експерти во областа и дејствувајте. Изгледите за успех се добри. Ќе уживате во успесите на некој член од вашето семејство. Го остварува сонот кон кој се стремел долго време.
БИК
Вашите професионални контакти ќе ви го направат денот попосебен. Партнерствата и тимската работа ќе бидат толерирани, што секако не им штети на вашите соло настапи. Слушајте ги советите на вашите најблиски и преземете акција. Исто така, мудро ќе биде да се консултирате со специјалист за прашање што ве загрижува.
БЛИЗНАЦИ
Вашите правилни одлуки ќе го зајакнат вашиот авторитет и ќе ги забрзаат процесите започнати последните денови. На работното место можни се промени, но најмногу ќе бидете задоволни со зголемување на платата. Во една или друга форма, ќе добивате бонуси што се приближуваат до вашите очекувања.
РАК
Вашиот разбуден интерес за новитети ќе ве поттикне да посветите повеќе од вашето време на нив денеска. Грижите ќе станат минато, ќе се стремите кон височините, водени од вашиот порив за развој. Бумот во бизнисот ќе има освежувачки ефект врз вашиот живот – што повеќе може да посака човек.
ЛАВ
Не одете пред настаните, денеска оставете сè да си дојде со своето време. Нестрпливи сте да ги видите вашите напори наградени, но има време и за тоа. Во одреден момент, покажувањето такт од ваша страна ќе се покаже како спасоносно за колега.
ДЕВИЦА
Работите кои долго време ги правите почнуваат да ги даваат очекуваните резултати, иако можно е да морате да промените некои од вашите идеи. На хоризонтот се појавува личност со која ќе соработувате заедно, и тоа многу плодно. Сепак, не мешајте ги професионалните и приватните односи, тоа може да се покаже како грешка.
ВАГА
Бидете понаклонети за компромиси. Од гледна точка на партнерот, вие сте во неповолна положба и ќе мора да бидете толерантни и да ги исполнувате неговите желби. Денот во целина ќе биде разновиден според настаните. Ваше е да го направите полесен или потежок. Подгответе се за изненадувања во вечерните часови.
ШКОРПИЈА
Многу од вашите намери ќе се остварат денеска. Во најголем дел тие се реални, а со поактивни дејствуја ќе ги обезбедите потребните приходи. Средбата со потенцијален деловен партнер ќе ви отвори нови перспективи и тоа дополнително ќе ве мотивира да работите.
СТРЕЛЕЦ
Со уметничко однесување ќе ги ставите во дејство своите намери, отфрлајќи ги настрана сомнежите и минатите неуспеси. За второто, вложивте напори да ги трансформирате во успеси кои надоаѓаат. Можно е децата да ве изненадат со своите одлуки, не избрзувајте со загриженоста, дајте им право сами да си го одредуваат животот.
ЈАРЕЦ
Ќе ѝ пристапите на вашата работа одговорно и со страст, што ќе влијае и на вашите парични добивки. Оние коишто работат со документи и пари треба да внимаваат. Можни се инспекции или известувања за такви активност. Не ги споделувајте вашите лични проблеми со никого, дури и ако тоа е диктирано од добри намери кон вас самите.
ВОДОЛИЈА
Комбинирајќи го корисното со пријатното, нема да ги пропуштите оние состаноци кои имаат директна врска со вашите идни реализации. Ќе убедите некого во исправноста на вашите проценки и со негова поддршка ќе ги забрзате важните случувања за вашата кариера. Вашите придобивки нема да бидат само материјално мерливи.
РИБИ
Вие најдобро знаете дека сè се развива динамично, дури и ако тоа не е забележливо на прв поглед. Живејте спокојно, развојот на настаните нема значително да влијае врз вашите планови, но можно е работите за кои сте мислеле дека се невозможни да се свртат во ваша полза, можеби за да ги надоместите разочарувањата и уште нешто друго.
извор:нетпрес.ком.мк