ОВЕН
Планирајте средба или некоја атрактивна забава за двајца. Ако не се обидете, ќе се покаете. Вашата околина изгледа позитивно и некој великодушно ги исполнува барањата што сте ги поставиле. Важно е да се одржи добро расположение.
БИК
Треба да ги „помирите“ мислите и чувствата, но и да го зачувате личното достоинство пред личност која добро ве познава. Вознемирени сте поради новите деловни настани и делувате збунето. Нема причина да ризикувате. Ќе ви годи спортска активност или престој во природа.
БЛИЗНАЦИ
Понекогаш работите изгледаат сосема поинаку во однос на нечија приказна и ветувања. Проверете нечија емоционална наклонетост. Новите настани ги нарушуваат вашите планови и концентрација. На крајот, треба да го прифатите компромисот како утешно решение. Разубавете го вашето расположение, опуштете се.
РАК
Уживате дополнително внимание и размена на нежности во однос на саканата личност. Некој ги освојува вашите симпатии и емоционална наклонетост. Нема причина да ги мистифицирате вашите деловни и финансиски планови или да игнорирате нечие присуство и влијание. Почестете се со повеќе релаксација, ќе ви годи прошетка во природа.
ЛАВ
Не се безначајни недоразбирањата кои ве следат во љубовниот живот, но не се тема која упорно треба да се повторува. Претерувате во различните барања што ги поставувате од вашите соработници. Ве очекуваат негативни коментари или нечие незадоволство. Изгледате напнато, ќе ви годи психолошка релаксација.
ДЕВИЦА
Покажете повеќе трпение во нечие друштво. Партнерот ја тестира вашата емоционална наклонетост и волја на различни начини. Соработниците не го исполнуваат својот дел од обврските, што автоматски се одразува на заедничкиот успех и вашата мотивација. Уживајте со содржините кои ве релаксираат и опуштаат.
ВАГА
Инсистирањето на вашите потреби во врската со саканата личност води до нови спротивставени решенија и потиснати очекувања. Упорно смислувате нова стратегија, но некој друг делува поефикасно и делумно ги загрозува вашите деловни интереси. Избегнувајте ситуации кои се премногу исцрпувачки за вас.
ШКОРПИЈА
Состанокот со една личност изгледа досаден, затоа барате различни изговори во обид да избегнете нечие друштво. Треба да имате јасна претстава за вистинските вредности кои се забележуваат во деловните кругови. Доколку чувствувате психолошка напнатост, вечерта посветете ја на омилената тема и релаксација.
СТРЕЛЕЦ
Изгледате загрижено, имате впечаток дека неправедно страдате поради нечие каприциозно однесување или отсуство. Важно е да одржувате добра деловна позиција меѓу соработниците, не штедете енергија или време.
Избегнувајте самоказнување.
ЈАРЕЦ
Новите настани можат да го нарушат вашиот однос со вашата непосредна околина. Испитајте ја вашата емотивна поврзаност со саканата личност. Премногу сте преокупирани со амбициите, па не забележувате нови настани кои ја загрижуваат вашата околина. Сè има цена. Ќе уживате во психофизичка релаксација.
ВОДОЛИЈА
Во односот со блиска личност чувствувате задоволство, направете се што е потребно за да го споите убавото со корисното. Ускладете ги вашите мисли и чувства. Способни сте да го постигнете она што го замислувате. Понекогаш треба да ги слушате реакциите или коментарите на соработниците. Соберете корисни информации. Ќе ви годи повеќе сон, внимавајте на вашите соништа.
РИБИ
Не дозволувајте ништо или некој од страна да го привлече вниманието на вашиот партнер. Бидете позитивно „наметливи“ или неизбежни. Нечија порака или средба со една личност позитивно влијае на вашите деловни планови. Важно е да се постигне внатрешна рамнотежа.
извор:нетпрес.ком.мк