Живот и Стил

Дневен хороскоп за 7. јуни 2019 година

Дневен хороскоп за 7. јуни 2019 година

ОВЕН

Работа: Може да очекувате почнување на нови работи, или склопување на нови контакти.

Љубов: Ви се допаѓа некој со кој имате засега пријателски однос, но се назира дека може да имате и повеќе од тоа.

Здравје: Пад на имунитетот.

БИК

Работа: Ве очекува поволен период во кој ќе имате можност да изработите многу важни работи кои се пред вас.

Љубов: Може да очекувате ново позназнство од кое ќе бидете задоволни. Добар е периодот за љубов.

Здравје: Избегнување алкохол.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Нови случување на ова поле ќе ве поттикнат. Задоволни ќе бидете од околностите кои ќе следуваат за вас.

Љубов: Една личност ќе покаже интерес кон вас. Може да очекувате прилика за напредок.

Здравје: Полни сте со енергија.

РАК

Работа: Потребно ви е некое време да донесете конечна одлука врзана за работата на која сте моментално.

Љубов: Не сте задоволни о вашата врска или од бракот, и сметате дека ви се потребни промени.

Здравје: Проблеми со несоница.

ЛАВ

Работа: Можете да се надевате на позитивни пресврти врзани за полето работа и пари. Пред вас се позитивни околности.

Љубов: Интересна комуникација со личност која сте ја запознале спонтано ве очекува.

Здравје: Проблеми со циркулација.

ДЕВИЦА

Работа: Важно е да бидете отворени во комуникацијата со надредените. Покажете им дека сте подготвени да остварите нешто повеќе од моменталната позиција.

Љубов: Ве очекува период во кој ќе имате емотивни дилеми.

Здравје: Чувајте се од настинки.

ВАГА

Работа: Можеби размислувате за иднината на ова поле и да не се гледате себе си засекогаш во истата професија.

Љубов: Емоциите ви се прилично нагласени сега, и можеби ќе бидете наклонети да реагирате бурно.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.

ШКОРПИЈА

Работа: Не сте доволно концентрирани и лесно правите грешки на ова поле. Потрудете се да не претерате.

Љубов: Ако партнерот на некој начин ве изневерил, големи се шансите дека нема да му простите. Повредена ви е гордоста.

Здравје: Вртоглавица е можна.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате многу амбиции во себе и подготвени сте максимално да се посветите на работата за се да спроведете во дело.

Љубов: Ви се допаѓа личност која покажува дека со вас сака нешто повеќе од пролазна врска или авантура.

Здравје: Уморни сте.

ЈАРЕЦ

Работа: Пред вас е поволен ден. Може да очекувате дека ќе ги остварите сите свои планови и намери.

Љубов: Поранешната љубов ќе проба да се врати во вашиот живот, а на вас е одлуката дали ќе и го дозволите тоа.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можни се мали несогласувања со личност со која блиску соработувате. Пробајте да најдете компромис.

Љубов: Ви се допаѓа некој кој делува оддалечено од вас и кон кој нема лесно да пријдете.

Здравје: Посетете стоматолог.

РИБИ

Работа: Можно е да не ви успеат сите планови кои сте ги посакувале. Пред вас е неповолен период.

Љубов: Не сте задоволни од самотијата, и потребни ви се љубовни промени. Сепак, не е поволен период за такво нешто.

Здравје: Помалку внесувајте мрсна храна.

извор: нетпрес

To top