ОВЕН
Работа: Бројни обврски се пред вас, но вие сте подготвени на се’. Амбициозни сте и многу посветени на својата работа.
Љубов: Не сакате повеќе да страдате поради минатото. Подтготвени сте да правите промени.
Здравје: Пролазна главоболка.
БИК
Работа: Денешниот ден е поволен за промени на ова поле. Ако сте планиралче да воведете некои новитети, ќе бидете задоволни.
Љубов: Постои некоја личност за која долго мислите, но не ви е лесно да го направите првиот чекор кон неа.
Здравје: Болки во грбот ве мачат.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Можно е некое време да сте го препуштиле главниот збор на другите, но сега сте подготвени да се вратите на голема врата.
Љубов: Потребно е на саканата личност да и покажете дека ви значи и дека ќе направите се за вашата љубов.
Здравје: Проблеми со циркулација.
РАК
Работа: Немојте да очекувате голем работен успех денеска, можно е да имате кочници и работите нема да одат онака како што сакате.
Љубов: Време е да направите конкретен договор со партнерот, ако планирате брак или заедница.
Здравје: Уморни сте.
ЛАВ
Работа: Поволен ден за промени и нови акции на работното поле. Посветете се на своите цели и далеку ќе стигнете.
Љубов: Емотивната ситуација може да се развие во позитивен правец ако бидете подготвени на тоа.
Здравје: Водете сметка околу колената.
ДЕВИЦА
Работа: Финансиската ситуација би можела да ви биде многу подобра ако успеете на некој начин да ги ограничите своите трошоци.
Љубов: Тешко покажувате што навистина чувствувате кон личноста која ви значи, затоа што постои доза на несигурност.
Здравје: Внесувајте повеќе витамини.
ВАГА
Работа: Ако во текот на денешниот ден не почнете со промени, подоцна некои работи ќе ви тргнат по зло.
Љубов: Партнерот очекува од вас некој доказ за љубовта, а вие делувате незаинтересирано за врската.
Здравје: Чувајте се од алергии.
ШКОРПИЈА
Работа: Можно е да сакате да го менувате работното место но и натаму не ви се отвора можност за такво нешто.
Љубов: Дошло време јасно да ги дефинирате своите цели со саканата личност.
Здравје: Пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Доколку бидете претерано импулсивни, може лесно да предизвикате проблем.
Љубов: Имате големи шанси за ново познанство и почеток на врска со личност која ќе ви изгледа како идеална за вас.
Здравје: Срцеви пречки.
ЈАРЕЦ
Работа: Не сте подготвени за промени на ова поле. Можно е да постојат некои притисоци над вашата глава и тоа не ви се допаѓа.
Љубов: Можно е да имате некоја погрешна проценка на ова поле.
Здравје: Избегнувајте тешка храна.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ако планирате да се посветите на обврските кои во минатото не сте ги решиле на време, ова е идеален момент за такво нешто.
Љубов: Доаѓа време каде што ќе имате шанса целосно да и се посветите на саканата личност.
Здравје: Избегнувајте цигари.
РИБИ
Работа: Долго очекуваната соработка би требала, конечно, да се реализира. Задоволни сте од околностите во кои се наоѓате.
Љубов: Поволен ден ако сте во брак. Ќе минете одлични мигови со семејството.
Здравје: Размислувате за диета.
извор: Нетпрес