ОВЕН
Работа: Сѐ минува мирно и без проблеми кога е во прашање вашата работа. Добар ви е денот и не ве очекуваат никакви стресови.
Љубов: Многу сте заљубени и убаво ви е кога сте покрај саканата личност.
Здравје: Вртоглавица.
БИК
Работa: Новите случувања на полето работа би можело да ви го подигнат моралот и енергијата.
Љубов: Подготвени сте на промени. Односот со саканата личност може да се поправи, ако се потрудите.
Здравје: Водете сметка за стомакот.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Комуникацијата со вашите блиски соработници не е најдобра што ви создава одредени нервози и проблеми.
Љубов: Не ви е лесно да покажете отворено што чувствувате кон вашиот партнер. Имате пречки.
Здравје: Избегнувајте цигари.
РАК
Работа: Ве очекуваат некои убави вести на работното поле. Можно е наскоро да дојдете до саканото унапредување.
Љубов: Отворено ги покажувате чувствата кон саканата особа. Очекувајте дека ќе ви биде возвратено.
Здравје: Внимавајте на шеќерот.
ЛАВ
Работа: Мали потешкотии на работното поле. Во текот на денешниот ден нема да успеете да ги решите сите проблеми.
Љубов: На прво место ви е да видите дека партнерот е среќен крај вас.
Здравје: Низок притисок, не се чувствувате најдобро.
ДЕВИЦА
Работа: Водете сметка да не претерувате со нервоза во работното опкружување затоа што така самите на себе си може да си направите проблеми.
Љубов: Се уште не сте сигурни на кој начин може да ги решите проблемите со саканата личност.
Здравје: Имате многу енергија.
ВАГА
Работа: Немојте да влегувате во нови работи со луѓето во кои немате доверба. Денешниот ден не ви е поволен.
Љубов: Личноста која ви се допаѓа ви покажала дали има одредени симпатии кон вас.
Здравје: Чувствителни коски и кичма.
ШКОРПИЈА
Работа: Денеска околностите во работното опкружување не се на ваша страна и тоа ве оптоварува.
Љубов: Пред вас имате шанса да го поправите односот со саканата личност. Покажете дека имате желба за промени.
Здравје: Внесувајте повеќе вода.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ситуацијата не е поволна на почетокот на новата работа. Денеска полесно ќе завршувате некои стари проекти.
Љубов: Доколку имате партнер, можно е да не сте сигурни дали кон него имате чувства.
Здравје: Проблеми со холестеролот.
ЈАРЕЦ
Работа: Не сте задоволни со ситуацијата на работното поле и вложувате напори во иднина да го смените работното место.
Љубов: Не сакате да го изгубите партнерот, но односот ви е многу лош и не гледате излез.
Здравје: Проверувајте го крвниот притисок.
ВОДОЛИЈА
Работа: Под голем притисок сте на работа и тоа ви создава проблеми. Можно е да ви е потребен краток одмор.
Љубов: Покажете и на саканата личност какви се вашите намери и желби кон неа. Можеби и спротивниот пол не е сигурен што сака.
Здравје: Главоболка.
РИБИ
Работа: Пред вас е шанса да дојдете до препорака за вработување кое би можело да одговора на вашите квалификации.
Љубов: Немојте да очекувате сериозна врска во наредниот период затоа што не сте подгтовени за тоа.
Здравје: Во првата прилика посетете лекар.
извор: нетпресс.мк