Живот и Стил

Дневен хороскоп за 30.5.2019 година

Дневен хороскоп за 30.5.2019 година

ОВЕН

Работа: Работните обврски ве притискаат и не ви е лесно да се изборите со сите потешкотии кои се околу вас.

Љубов: Не сте задоволни со емотивната ситауциај и сакате промени. Имате впечаток дека немате доволно разбирање.

Здравје: Проблеми со варењето.

БИК

Работа: Опуштете се денеска и уживајте во убавиот ден во кој ќе имате помал број на обврски и тоа е прилика малку да се одморите.

Љубов: Сте се вљубиле во личност која покажала дека кон вас има искрени чувства.

Здравје: Добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Кочниците на работното поле нема да успеете да ги пребродите се додека не се потрудите малку повеќе да поработите на себе си и својот пристап кон обврски.

Љубов: Не сте задоволни од самотијата и имате потреба за нова врска.

Здравје: Внимавајте на бешиката.

РАК

Работа:Очекувајте дека ќе имате прилика да напредувате на работното поле и да донесете некои важни одлуки.

Љубов: Во комуникацијата со саканата личност отворено покажувате дека не сте среќни крај неа.

Здравје: Чувствителни синуси.

ЛАВ

Работа: Ве очекува стабилизација на полето финансии во следниот период. Ќе успеете да остварите некои од вашите основни цели.

Љубов: Крај саканата личност имате се она што ви е потребно, и среќни сте.

Здравје: Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Работа: Немате лесен ден на ова поле, можно е да имате некои пречки кои ќе ви стојат над глава.

Љубов: Сте дошле до своите граници на издржливост, и не ви е лесно да го признаете тоа, но не можете да продолжите понатаму.

Здравје: Проблеми си видот.

ВАГА

Работа: Она што сте го планирале на работното поле, нема да тргне по лесен пат. Ве очекува сплет на околности полн компликации.

Љубов: Се сомневате во искреноста на партнерот и не ви е лесно да донесете одлука за вашата врска.

Здравје: Проблеми со депресија.

ШКОРПИЈА

Работа: Пробувате да помогнете некому кој е во неволја иако не приметувате дека всушност со тоа на некој начин штетите.

Љубов: Не сте расположени за нова врска затоа што и натаму патите за личност која силно сте ја сакале во минатото.

Здравје: Проблем со зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Пред вас е ден низ кој ќе морате сериозно да се посветите на работните обврски за да ги остварите целите.

Љубов: Имате впечаток дека со саканата личност не постои заеднички јазик.

Здравје: Проблеми со главата.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува опуштен ден, не би требало да имате голем број обврски, и време е да се посветите на некои други работи.

Љубов: Имате подготвеност да се посветите на една личност која ве интересира.

Здравје: Немате проблеми.

ВОДОЛИЈА

Работа: Во потрага сте за работа која би можело да одговора на вашите критериуми, и не ви е лесно да најдете идеално решение.

Љубов: Иако сте имале лоши искуства во минатото, подготовени сте да продолжите понатаму и да најдете љубов.

Здравје: Проблеми со вишокот на килограми.

РИБИ

Работа: Работното патување излезе подобро од што сте очекувале. Ве очекува подобрување на полето финансии.

Љубов: Личноста со која сте во врска, покажува дека има посесивни особини, а тоа нималку не ви се допаѓа.

Здравје: Проблеми со кожата.

извор: Нетпресс

 

To top