ОВЕН
Работа: Околностите ви одат од рака. Поддршката доаѓа од страна од која не сте ја очекувале. Вие знаете да ја искористите асистенцијата.
Љубов: Денеска ви одговора една личност во знак Водолија, и можно е познанство со личност родена во тој знак.
Здравје: Проблем со дишните органи.
БИК
Работа: Многу работи ви одат добро. Полека се качувате на табелата. За оние кои не ги познаваат вашите прилики, вашето качување ќе биде изненадување, па можни се непријатности.
Љубов: Некој ви дава дискретни сигнали. Вие истовремено желни сте за нови познанства и заљубување. Се е тука, не одложувајте.
Здравје: Проблем со зглобовите.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Денеска ќе се случуваат необични проблеми со комуникацијата. Можно е да загубите некои документи и тоа ќе има врска со вас. Концетрирајте се.
Љубов: Личност во знакот на Риби ве привлекува. А вие сакате внимание, нежност и љубов.
Здравје: Добро.
РАК
Работа: Конечно сте со „бистра“ глава. Вашите импулсивни постапки и страв од грешки и губење скапо ќе ве чинат. Бидете сталожени.
Љубов: Партнерот ве потсети на она време кога сте биле заљубени до „уши“. Страста се враќа на голема врата.
Здравје: Проблеми со зглобови, мускули или тетиви.
ЛАВ
Работа: Принудени сте да соработувате со една исклучително манипалутивна личност. Некоја личност ви е наметната, а останува само јасно да поставите граници.
Љубов: Од вас се бара само да покажете чувства. Понекогаш сте груби. Покажете да имате срце, и ќе го имате светот на дланка.
Здравје: Проблеми со срцето.
ДЕВИЦА
Работа: Личност во знак Овен може да ви ги „замрси“ сметките. Многу интриги околу вас, ама тоа не е ваша вина. Меѓутоа ќе одиграте мудро, на крајот ви ќе носите одговорност.
Љубов: Имате одлична комуникација со партнерот. Лесно се договорате и соработувате. Но во врската имате малку страсти. Слободните Девици може да очекуваат едно интересно познанство.
Здравје: Добро.
ВАГА
Работа: Соработка со помлади колеги ќе го исполни вашиот денешен ден. Умеете убаво да ги научите, а нивните успеси ќе ги доживувате како свои. Тоа некој ќе умее да го цени.
Љубов: Сите понекогаш сакаме да слушнеме убави работи за себе. Но комплиментите кои ќе ги добиете не се секојдневни. Ќе „сјаете“ од среќа.
Здравје: Главоболки.
ШКОРПИЈА
Работа: Доста проблеми и лоша среќа околу вас. Не можете да изградите комуникација со колегите. Немојте да дозволите ова да продолжи, затоа што ќе биде на ваша штета.
Љубов: Денста се отворени кон блиските. Имате разбирање за тоа како се чувствуваат. Ама не може никој да разбере што се случува во вашата глава.
Здравје: Добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Денеска нема да профитирате. Сите бродови ви се потонати, едноставно вашите идеи не поминуваат кај колегите. Разаработете ги вашите планови, тоа може да биде почеток на нешто крупно.
Љубов: Кога сте лошо расположени, тогаш сите знаат дека треба да ви се тргнат од патот. Но некој кој ќе го запознете тоа не го знае. Неговата отвореност и љубопитност ќе ве „разоружа“.
Здравје: Проблем со грбот.
ЈАРЕЦ
Работа: Денеска ќе бидете ставени на неочекуван трошок. Стрпливо сте ја граделе „кулата од карти“, а потоа одеднаш се срушила. Но, вие сте борец и знаете дека нема назад. Ова можеби е нова шанса.
Љубов: Многу сте во тајност. Ве привлекуваат тајни разговори со некој со кој не би смеело да ги има. Жешка авантура е на повидок.
Здравје: Проблеми со вратот и кичмата.
ВОДОЛИЈА
Работа: Овие денови често се „гледале“ во туѓиот двор, и сега тоа се враќа. Некој ви се меша во работата, а најлошо е што можете да направите е да реагирате импулсивно. Смирете се.
Љубов: Денеска не ви годи да бидете сами колку што тоа беше случај претходните денови. Сакате внимание и нежности во големи количини.
Здравје: Проблеми со видот.
РИБИ
Работа: Вие никогаш не губите надеж, и тоа ве оддржува во живот. Некој мисли дека сте доволно наивни и дека нема да ги приметите валканите работи. Но, доволно сте мудри да разберете за што се работи.
Љубов: Некој во кој сте биле порано заљубени, влегува во „видно поле“. Но, сега ситуацијата е поинаква и таа личност ви праќа сигнали. Вие се двоумите во врска со тоа.
Здравје: Не е лошо.
извор:tv21