Дневен хороскоп за сабота, 2-ри март 2019-та година.
ОВЕН
Работа: Доколку се занимавате со работа која е во врска со продажба или купување, или било кој вид на трговија, можно е да имате компликации.
Љубов: Немојте премногу да чекате да направите чекор кон личноста која ви се допаѓа.
Здравје: Болки во забите.
БИК
Работa: Можно е да имате некои помали трошоци, иако не сте ги планирале. На работното поле успевате се да решите.
Љубов: Партнерот е упорен и максимално се труди да ви покаже колку му начите.
Здравје: Несоница.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Не сте доволно информирани и можно е поради тоа да бидете наклонети кон ноесење погрешни одлуки.
Љубов: Доколки ви се допаѓа Водолија, со нејзе може да очекувате интересен, но и нестабилен однос.
Здравје: Помалку јадете благо.
РАК
Работа: Вредно работите и подготвени сте да се посветите на работата максимално, но очекувате и резултати.
Љубов: Бегате од реалноста и фактот дека не ви е лесно да се соочите со сите проблеми кои ги имате во брак.
Здравје: Оди кон подобро.
ЛАВ
Работа: Почеток на нова работа е пред вас. Очекувајте дека ќе бидете задоволни од околностите на ова поле.
Љубов: Можно е да имате некои мали несогласувања со саканата личост, но ќе успеете да ги решите.
Здравје: Инфекција на грлото.
ДЕВИЦА
Работа:Ви доаѓа период во кој нема да биде лесно да ги решавате проблемите. Ќе ви биде потребна помош.
Љубов: Можно е партнерот да ви е максимално посветен, и на вас е само да уживате.
Здравје: Зголемен апетит.
ВАГА
Работа: Успешно ќе решите некои компликации кои сте ги имале. Ќе бидете задоволни од ситуацијата.
Љубов: Доколку сте во нова љубона врска, пред вас е поволен ден партнерот малку да се отвори кон вас.
Здравје: Вртоглавица.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате впечаток дека сте презафатени и сите обврски се на вас, а другите не првземаат одговорност.
Љубов: Разочарани сте од партнерот и размислувате за прекин.
Здравје: Главоболка.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Полека ги надминувате работните проблеми кои порано сте ги имале, и конечно, гледате светло на крајот од тунелот.
Љубов: Постепено ја запознавате својата симпатија и што повеќе работи околу неа дознавате, имате подобро мислење.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.
ЈАРЕЦ
Работа: Можно е да успеете да ги поправите некои работи кои ви претставувале кочница во работното опкружување.
Љубов: Дистанца постои меѓу вас и партнерот. Не сте сигурни дали тоа ви одговора или не.
Здравје: Проблеми со кичмата.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доколку очекувате потпишување на договор кој ви е важен, тоа ќе се одложи за некој друг ден.
Љубов: Ви се допаѓа личност која ќе ја запознаете преку заеднички пријател.
Здравје: Внимавајте на црниот дроб.
РИБИ
Работа: Можно е денеска да бидете опуштени и да нема да сакате премногу да се оптоварувате со работата и обврските.
Љубов: Сте приметиле нова личност во вашето опкружување. Подготвени сте да и пријдете и да ги испитате своите шанси.
Здравје: Чувствителен уринарен тракт.