ОВЕН
Можни се промени на работното место. Бидете подготвени да покажете прилаголдивост. Размислувате за прекин на врската која повеќе не ги исполнува вашите емотивни потреби. Не е поволен период. Одморајте.
БИК
На полето работа владее мирна ситуација и задоволни сте. Во текот на денешниот ден нема големи пречки. Можно е да успеете да остварите ново познанство кое емотивно ќе ве подигне. Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Нема да ви биде лесно да го остварите она што го сакате. Сега не е момент сами да пробувате се да решите. Одлуката која ќе ја донесете по прашањето на врска со партнерот, би можела да ви ја промени вашата љубовна иднина. Пад на имунитетот.
РАК
Може да очекувате дека во текот на денешниот ден нема да имате преголем број на обврски и работата ќе ви биде на друго место. Подготвени сте да ја планирате заедничката иднина со партнерот. Проблеми со алергија.
ЛАВ
Ве очекува период во кој ќе има шанса да се случат различни промени. Работната ситуација ви е нестабилна. Врска со личноста која ве интересира, може повремено да биде полна со тензија. Проблеми со крвотокот.
ДЕВИЦА
Може да очекувате дека ќе успеете да постигнете се она што сте зацртале на работното поле. Планирате патување со саканата личност. Подготвени сте за убави и заеднички моменти во кои ќе уживате. Размислувате за диета.
ВАГА
Вашата работа моментално не ги исполнува вашите критериуми, па сега сериозно размислувате за премин на друго работно место. Можно е да го преиспитувате односот кој го имате со саканата личност. Водете сметка околу очите.
ШКОРПИЈА
Постои можност да остварите нова работна соработка. Во следниот период ќе бидете посветени на своите обврски. Со саканата личност имате крила и караници кои на некој начин ве отповаруваат. Проблеми со варењето на храната.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува период кој може да ви донесе некои осцилации кога е во прашање вашето поле на заработувачка. Чувствувате силна поврзаност со партнерот и сметате дека конечно сте ја пронашле својата сродна душа. Потребно ви е опуштање.
ЈАРЕЦ
За да успеете да ги остварите своите цели на работното поле, потребно е да бидете активни во нивното почнување. Не се чувствувате доволно опуштено крај партнерот и имате пад на самодовербата. Главоболка.
ВОДОЛИЈА
Во текот на денешниот ден ве очекува решавање на работната ситуација која ве загрижува веќе некое време. Денешниот ден е поволен за нова љубов. Очекувајте убав почеток на врска. Внесувајте повеќе магнезиум.
РИБИ
Сте успеале да ги остварите планови кога е во прашање работата и генерално сте задоволни. Чувствувате дека сте подготвени да се посветите на некое ново познанство и малку да го „кренете“ вашиот љубовен живот. Мала вкочанетост е можна.
извор:нетпрес.ком.мк