Овен (21.03 – 20.04)
Финансиски сте стабилни и добро се чувствувате поради тоа. Генерално немате поголеми пречки на работа. Во љубовта можно е наскоро да ви се укаже прилика за флер со интересно лице.
Бик (21.04 – 21.05)
Ви делува дека не оди се онака како што сте се надевале и тоа ви претставува голема кочница. Во љубовта се надевате дека ќе успеете да дојдете до подобрувања на овој план.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можни се некои ненадејни пресврти со кои не умеете најдобро да се изборите. Ќе ви биде потребна помош околу работата. Со саканото лице ќе дојдете до кризна ситуација но наскоро ќе ги поправите нештата.
Рак (22.06 – 22.07)
Важно е да покажете дека сте подготвени да правите компромиси бидејќи сега единствено преку тимска работа можете да напредувате. Во љубовта можно е ненадејно да ви се случи некое ново љубовно познанство кое ќе ве остави без здив.
Лав (23.07 – 22.08)
Целосно сте мирни и лесно излегувате на крај со некои мали проблеми кои можат да ви се појават на ова поле. Во љубовта можно е саканото лице да има некоо забелешки на вашето однесување.
Девица (23.08 – 22.09)
Доколку се занимавате со работа поврзана со трговија или комуникации можни се компликации. Во љубовта можно е саканото лице од вас да бара некаков вид на поддршка за да ги реши своите проблеми.
Вага (23.09 – 22.10)
Ве очекува поволен ден на деловното поле. Ќе бидете во прилика да ги завршите сите обврски кои сте ги имале на ум. Во љубовта некои нешта кои сте ги криеле можно е да излезат на виделина и да ви создадат проблеми.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе ви биде потребно малку повеќе време да дојдете до придвижување на работата која сте ја планирале. Во љубовта не сте го исполниле својот збор и саканото лице сега се сомнева во вашите намери.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можно е да не сте сосема објективни, па и некои нешта да не ги гледате на вистинскиот начин. Потребно е да ги проширите видиците. Денот не е претерано поволен за нови познанства или почеток на врска.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе делувате многу нервозно во комуникацијата со деловото опкружување, а тоа може негативно да се одрази на вашите планови. Во љубовта партнерот забележува дека се однесувате поинаку и поради тоа чувствува некаков вид на вознемиреност.
Водолија (21.01 – 19.02)
Доколку се занимавате со работи поврзани за финансии или банкарство денот е поволен. Исто така, добра е ситуацијата за нови инвестиции. Во љубовта можете да сметате на добар однос со саканото лице. Доколку сте слободни со некој Овен ќе имате интересна средба.
Риби (20.02 – 20.03)
Можете да очекувате дека ќе бидете ослободени од повеќето деловни обврски во текот на денешниот ден. Во љубовта денот е поволен доколку постои линост која ви се допаѓа. Ќе имате значителна прилика за средба.
извор:скопје24.мк