Живот и Стил

Дневен хороскоп: Вторник (02.Вторник,2020)

Дневен хороскоп: Вторник (02.Вторник,2020)

ОВЕН

Потрудете се да се контролирате себе и својата суета. Често може да бидете наклонети кон претерувања. Размислувате околу тоа како да ги решите проблемите кои ги имате во односот со саканата личност. Внесувајте повеќе течности.

БИК

Ве очекува фаза која ви носи одредени работни отежнувања и компликации. Новата врска во која сте влегле оди во неочекуван правец. Можно е емоциите да ви се помешани. Пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Размислувате за промена на работата затоа што чувствувате дека на моменталното работно место не може да бидете сосема задоволни. Ви се допаѓа личност која покажува дека не е сигурна дали воопшто сака нешто повеќе од флерт. Проблеми со синуси.

РАК

Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работа. Ќе успеете да ги решите сите проблеми кои ве оптоварувале. Полека се разделувате од личноста која силно сте ја сакале. Чувствувате голема доза на разочарување. Многу добро здравје.

ЛАВ

Сте решиле да превземете голем дел од работата за да бидете сигурни дека ќе биде перфектно одработено. Пред вас е поволен период за нови љубовни случувања. Ве очекува средба со личност која ви значи. Мали проблеми со вените.

ДЕВИЦА

Време е да се посветите на работата и да дадете се од себе да ги решите проблемите кои ве оптоваруваат. Пред вас е период во кој ќе имате нови познанства и бројни шанси за нови врски. Внимавајте на исхрана.

ВАГА

Размислувате околу тоа да воведете некои иновации во својата работа. Промени ви се неопходни. Можно е да не сте добиле искреност од саканата личност и поради нејзиниот став сте многу разочарани. Чувствителни стопала.

ШКОРПИЈА

Немате доволно концентрација и тешко ви паѓаат и основните обврски. Сега е момент во кој врската или ќе ви напредува, или ќе се прекине. Имате чувство дека средни решенија не постојат. Проблеми со нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да сте оствариле промени кои сте ги имале во план и поради тоа да сте многу задоволни. Некој од минатото пробува да се врати во вашиот живот, но вие тоа не го прифаќате затоа што имате нова љубов. Проблеми со забите.

ЈАРЕЦ

Владее тензија во вашето опкружување и не ви е лесно да најдете компромис со соработниците. Ќе се потрудите на саканата личност да и покажете што сакате од неа и што очекувате од вашиот однос. Проблеми со циркулација.

ВОДОЛИЈА

Можно е на работното поле да имате доста отежнувања кои ќе ве следат на сите страни. Ве очекува средба со личност која ќе покаже дека сака повеќе од пријателство со вас. Алергиски реакции.

РИБИ

Можно е да имате доста компликации на работното поле и дека ќе бидете под стрес. Може да очекувате интересна средба и познанство со личност која на вас ќе остави добар впечаток. Внесувајте повеќе калциум.

извор:нетпрес.ком.мк

To top