Живот и Стил

Дневен хороскоп: Вторник (01.Октомври, 2019 година)

Дневен хороскоп: Вторник (01.Октомври, 2019 година)

ОВЕН

Работa: Неповолен ден за почеток на нова работа или за било какви промени. Потрудете се да бидете фокусирани на новите задачи.

Љубов: Доколку сте во брак, нема да имате добро сложување со партнерот.

Здравје: Чувствителен желудник.

БИК

Работа: Можно е на работа да имате компликации кои неповолно ќе влијаат на развојот на понатамошните случувања.

Љубов: Очекувајте интересни случувања со личноста која ви се допаѓа. Поволен е денот.

Здравје: Проблеми со грлото.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Пред вас се некои мали проблеми во комуникацијата со работното опкружување. Може да очекувате неповолен ден.

Љубов: Можно е да имате впечаток дека партнерот пребрзо ги менува расположенијата.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

РАК

Работа: Можно е да бидете разочарани од околностите на работното поле, затоа што многу работи не одат онака како што сте очекувале.

Љубов: Наклонети сте кон раздразнето однесување и лесно влегувате во нови расправии со личноста која ја сакате.

Здравје: Проблеми со главоболка.

ЛАВ

Работа: Ве очекува соочување и караница со надредените, или некои поголеми преписки на работа. Не е поволен денешниот ден.

Љубов: Време е да свртите нов лист и да почнете одново кога е во прашање љубовта.

Здравје: Проблеми со нервозата.

ДЕВИЦА

Работа: На работното поле не сте оптоварени со околностите во кои се наоѓате, имате впечаток дека се ќе се реши.

Љубов: Не сте заинтересирани за додворувач кој станува упорен. Можно е повеќе да ви одговора самотија.

Здравје: Добро.

ВАГА

Работа: Денот не е поволен за поголеми промени на полето работа. Можно е да изгубите ако се впуштите во ризици.

Љубов: Наклонети сте кон тоа да реагирате во афект во контактот со саканата личност, и затоа често почнувате караници.

Здравје: Респираторни инфекции.

ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува прилика да направите важни промени на полето работа. Можно е некои проблеми да ве оптоваруваат.

Љубов: Се чувствувате сакано и уживате кога сте заедно со личноста која ви значи.

Здравје: Избегнувајте цигари.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Засега очекувајте поволен ден. Ќе имате можност да остварите помрднување напред на полето работа.

Љубов: Пробувате на љубовното поле да се одлучите за една личност, но имате премногу прилики за авантури.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

ЈАРЕЦ

Работа: Сметајте на помош од страна на соработниците. Поволен е денот да се „окачите“ од проблемите од минатото.

Љубов: Ако ви се допаѓа личност која ја познавате од минатото, сега е можен пресврт.

Здравје: Посетете стоматолог поради контрола.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е во претходниот период да сте биле окупирани со погрешни работи и сега вашите грешки полека доаѓаат на наплата.

Љубов: Се чувствувате добро крај саканата личност со која имате сосема стабилен и добар однос.

Здравје: Внимавајте на физички повреди.

РИБИ

Работа: Ве очекуваат проблеми кои доаѓаат изненадувачки. Важно е да покажете прагматичност и снаодливост.

Љубов: Повеќе не чувствувате иста доза на емоции кон саканата личност и имате впечаток дека врската би можела да се прекине.

Здравје: Проблеми со кичмата.

извор:нетпресс.ком.мк

To top