Живот и Стил

Дневен хороскоп: Среда (18.Ноември,2020 година)

Дневен хороскоп: Среда (18.Ноември,2020 година)

ОВЕН

Во односот со колегите недостасува сложување. Свесни правите некои отстапки затоа што немате сила за бесмислена конфронтација. Емотивно сте неисполнети. Партнерот не е заинтересиран за брак. Наклонети сте кон нервоза.

БИК

Во недостаток на нови соработници, пробувате да ја обновите соработката со старите. Другата страна не е заинтересирана. Предизвикувате конфликт со партнерот, и тој се дистанцира. Бешиката е чувствителна.

БЛИЗНАЦИ

Задоволни сте како работата се развива и соработката со соработниците. Проблемот се финансиите. Ограничени се, и загрижени сте. Не сте расположени за дружење и за нови познанства. Бубрезите се чувствителни.

РАК

Се грижите затоа што обемот на работа е помал од обично. Ве очекува финансиска добивка која го поправа расположението. Не ви годи самотијата и се плашите да не останете сами. Внимавајте со храната.

ЛАВ

Амбициозни сте. Ги решавате проблемите кои колегите не успеале да ги решат, и горди сте самите на себе. Емоциите кон другата половина избледеле. Размислувате официјално да ја прекинете врската. Проблеми со дишните органи.

ДЕВИЦА

Сметате дека имате одлични работни идеи, но надредената личност не ги прифаќа. Се чувствувате навредено. Социјалниот и емотивниот живот се на минимум, поточно не постојат. Проблеми со циркулација.

ВАГА

Обврските ги одработувате во опуштена и работна атмосфера. Работата нормално се одвива, а финансиите се задоволувачки. Имате проблеми во комуникацијата со партнерот. Ви пречи неговата љубомора. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Полни сте со енергија и со самодоверба. Се фокусирате на работните проблеми во желба еднаш засекогаш да ги решите. Максимално сте посветени на саканата личност и уживате во неговата љубов. Можни проблеми со синусите.

СТРЕЛЕЦ

Ви недостасува енергија, но задоволни сте од постигнатите резултати. Проект на кој работите го водите кон крајот. Партнерот е напнат па избегнувате влгување во расправија со него. Внимавајте на храната, црниот дроб е чувствителен.

ЈАРЕЦ

Не сте претерано фокусирани на работата. Загрижени сте за финансиите. Размислувате како да дојдете до пари. Осамени сте, но ништо не превземате по прашање на ново познанство. Многу сте чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Фокусирани сте на обврски и се трудите да ги одработите што порано. Брзи сте, прилагодливи и работите во од. Се сомневате во партнерот. Сметате дека нешто криe од вас, и го следите. Внимавајте на храната.

РИБИ

Задоволни сте од соработката со колегите. Имате впечаток дека сте дел од победнички тим кој се може. Партнерот има потреба да ги подели со вас своите размислувања и емоции, затоа што знае дека ќе го разберете. Стабилно здравје.

извор:нетпрес.ком.мк

To top