Живот и Стил

Дневен хороскоп: Среда (09.Декември,2020 година)

Дневен хороскоп: Среда (09.Декември,2020 година)

ОВЕН

Работа: Имате впечаток дека знаете што сакате да постигнете, но проблем е што некои идеи не се остварливи.

Љубов: Не сте во целост отворени кон партнерот, затоа што сметате дека би ви упатил критики кои не сакате да ги чуете.

Здравје: Дишните органи се чувствителни.

БИК

Работа: Поради работата, ги одржувате контактите со медиумите. Впечатокот кој го оставате е одличен: реални сте, доверливи и посветени.

Љубов: Слободното време го посветувате на партнерот и максимално уживате.

Здравје: Се чувствувате одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Фокусирани сте на обврските и максимално сте одговорни. Надредената личност е задоволна од вашите резултати.

Љубов: Емоциите ве совладале. Чувствувате љубомора што ретко ви се случува.

Здравје: Стабилно здравје.

РАК

Работа: Комуникацијата со соработниците е успешна. Без проблем носите одлука врзана за моментален проект.

Љубов: Целосно се потпирате на партнерот. Не смеете да помислите како би функционирале без него.

Здравје: Добро се чувствувате.

ЛАВ

Работа: Благодарение на добро организраната работна мрежа на соработници, добивате информација која одлучувачки влијае на вашите следни потези.

Љубов: Ве очекува ново познанство. Другата страна го буди вашиот интерес.

Здравје: Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Работа: Работата се одвива според планот. Некои изненадувачки тешкотии успевате да ги надминете со малку труд.

Љубов: Уживате во односот со партнерот. Имате впечаток дека е претерано друштвен, но таа особина ја прифаќате.

Здравје: Се чувствувате добро.

ВАГА

Работа: Не сте претерано сконцентрирани на обврски. Од таа причина можно е недоразбирање со соработниците.

Љубов: Не успевате да престанете да мислите на бившиот партнер. Од погрешни причини не му се јавувате.

Здравје: Несоница е можна.

ШКОРПИЈА

Работа: Успешно завршувате работен проект. Имате впечаток дека доста ве намачил и дека премногу труд сте вложиле во него. Се радувате на новите проекти.

Љубов: Фокусирани сте на партнерот и уживате во негово друштво.

Здравје: Се чувствувате одлично.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува прилив на пари кој го поправа расположението. Задоволни сте од работната ситуација и поради тоа сакате да ја проширите работата.

Љубов: Ве очекува ново познанство со духовита и ведра личност.

Здравје: Сјајно се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Работа: Генерално сте задоволни од работата. Правите нови планови врзани за понатамошната експанзија на работата, но ги држите во тајност.

Љубов: Емоциите ви проработиле и во целост се посветувате на партнерот.

Здравје: Можни проблеми со хормоните.

ВОДОЛИЈА

Работа: Комуникацијата е вашето главно оружје. Благодарение на добрата приказна и на шармот, завршувате одредени работи.

Љубов: Одржувате комуникација со личност за која и натаму не сте сигурни дали е вистинската за врска.

Здравје: Наклонети сте на прејадување.

РИБИ

Работа: Комуникацијата со колегите е конструктивна. Разработувате планови врзани за подобрување на финансиите и работата.

Љубов: Емотивно сте исполнети. Сакате односот со партнерот никогаш да не се промени.

Здравје: Проверете ја работата на штитните жлезди.

извор:нетпрес.ком.мк

To top