ОВЕН

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис се фокусирате на соработка со странски фирми.

Љубов: Емотивното поле не ве интересира, освен доколку сте во брак. Фокусирани сте на кариерата.

Здравје: Чувајте се од ладно.

БИК

Работа: Работата е стабилна и се се одвива без потешкотии. Полека се подготвувате за средба со странски партнери.

Љубов: Одржувате пријателски контакт со пријателите. Доколку сте слободни, нема личност која ве интересира.

Здравје: Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Работата е стабилна, и нормално се одвива. Ве очекува финансиска добивка со која ќе бидете многу задоволни.

Љубов: Врската одлично напредува. Имате впечаток дека вам нешто повеќе ви значи другата страна, отколку обратно.

Здравје: Солидно здравје.

РАК

Работа: Ве очекува финансиска добивка. Работата е во фаза на застој, што ве прави несигурни и исплашени за егзитенција.

Љубов: Одличен ден за ново познанство. Другата личност делува сериозно, стбилно и конзервативно.

Здравје: Коските се проблематични.

ЛАВ

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува краток работен пат во текот низ кој ќе воспоставите долгогодишна соработка.

Љубов: Областа љубов е полна со предизвици било да сте во брак или во врска. Минувате низ сериозна криза со која не умеете да се изборите.

Здравје: Променлив притисок.

ДЕВИЦА

Работа: Не постои ништо што не сте пробале за да ја вратите работата во нормала. Многу сте загрижени поради тоа.

Љубов: Не ви е до љубов. Ниту се дружите со луѓе, ниту ве интересира воспоставување на нова комуникација и врска.

Здравје: Чувствителен црн дроб.

ВАГА

Работа: Задоволни сте од стабилната ситуација. Што се однесува до финансиите, немате причина за грижи.

Љубов: Врската е во сериозна криза. Ниту едно од двајцата не сака да се менува и да се бори за врската.

Здравје: Солидно здравје.

ШКОРПИЈА

Работа: Работата е во стагнација. Доколку сте во потрага за нова работа, нема ни знак за такво нешто.

Љубов: Се надевате дека вашата симпатија е свесна дека ви се допаѓа, иако не сте и кажале какви чувства имате кон неа.

Здравје: Коските се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Работата нормално се одвива. Поволен период за воспоставување комуникација со странци. Финансиите и натаму се загрижувачки.

Љубов: Не сте претерано заинтересирани за емотивното поле. Сета среќа другата половоина има разбирање.

Здравје: Напнати сте.

ЈАРЕЦ

Работа: Иклучиво ве интересираат финансиите. Финансиската ситуација е ограничена, поради што сте неопуштени и напнати.

Љубов: Ви се допаѓа личност која официјално ви е пријател. Имате впечаток дека „пеперутки“ имате од двете страни.

Здравје: Депресивни сте.

ВОДОЛИЈА

Работа: Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува успех кој ќе биде пратен и од медиумите.

Љубов: Бракот и натаму е во криза. Партнерот не попушта, не попуштате ниту вие. Двајцата сте тврдоглави.

Здравје: Напнатост.

РИБИ

Работа: Јасно ви е дека од официјалната работа нема ништо. Размислувате за покренување на приватен бизнис заедно со пријател.

Љубов: На симпатијата, конечно, и го отворате срцето. Нејзиното однесување е ладно. Се надевате дека е во прашање прва реакција.

Здравје: Пад на имунитетот.