ОВЕН 21.3.- 20.4.
Можеби во одреден момент ќе станете нервозни бидејќи работите не одат како што сакате.
ЉУБОВ: Партнерот е незадоволен од комуникацијата во врската, но за тоа придонесе и самиот.
РАБОТА: Потребен ви е одмор, уморни сте од истите работи кои се повторуваат секој ден.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен стомак.
БИК 21.4.-21.5.
На моменти се повлекувате во себе, расположението ви е променливо и тие околу вас нема да ве разберат, а ниту вие нив.
ЉУБОВ: Саканата личност ќе ги покаже своите искрени чувства кон вас, но вие не сте подготвени да возвратите.
РАБОТА: Нервозата е присутна на работното место.
ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со притисокот.
БЛИЗНАЦИ 22.5.- 21.6.
Преокупирани сте со некои проблеми кои моментално не можете да ги решите. Подобро обратете се кон семејството и блиските луѓе.
ЉУБОВ: Некои од припадниците на знакот имаат големи шанси повторно да стапат во контакт со личност која во минатото им била исклучително драга.
РАБОТА: Не ви се допаѓа тоа што ќе ви биде додадено како должност на работа.
ЗДРАВЈЕ: Ментално сте напнати.
РАК 22.6. – 22.7.
Не ја знаете вистинската причина за вашата напнатост и вознемиреност и не правите ништо за да се чувствувате подобро. Можеби е недоразбирање на работа.
ЉУБОВ: Имате голема доверба во саканата личност и подготвени сте да изградите иднина со неа.
РАБОТА: Можно е работата да ви станува доста заморна.
ЗДРАВЈЕ: Нервоза.
ЛАВ 23.7.- 22.8.
Загрижени сте, неизвесноста се повеќе ве мачи и ве прави нервозни, а тоа влијае на атмосферата во куќата.
ЉУБОВ: Партнерот може да изгуби интерес за вас само поради вашето однесување.
РАБОТА: Полни сте со дилеми.
ЗДРАВЈЕ: Ако нешто ве загрижува, консултирајте се со вашиот лекар.
ДЕВИЦА 23.8. – 22.9.
Ќе имате помали конфликти со луѓето кои ќе ги сретнете денес, а сето тоа поради нетрпеливост и нервоза.
ЉУБОВ: Ќе ја добиете посакуваната поддршка и внимание.
РАБОТА: Позитивни случувања.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со грбот.
ВАГА 23.9. – 22.10.
Коцките конечно ќе ви се соберат, ќе ја прифатите моменталната ситуација и дури ќе можете да уживате.
ЉУБОВ: Неактивен на ова поле денес.
РАБОТА: Ништо не се случува и се чувствувате досадно.
ЗДРАВЈЕ: Главно добро.
ШКОРПИЈА 23.10.- 22.11.
Можни се промени кои ќе имаат големо влијание врз вас, но вие самите мора да поработите на вашето расположение.
ЉУБОВ: Комуникацијата со една интересна личност може да ве поттикне да започнете.
РАБОТА: Добри вести.
ЗДРАВЈЕ: Доколку е потребно, кога е во прашање здравјето, мора да промените некои навики.
СТРЕЛЕЦ 21.11.- 21.12.
Размислете за промените пред да почнете да ги спроведувате. Важно е да сте сигурни дека сакате такво нешто.
ЉУБОВ: Полни сте со љубов кон другите и добро се согласувате со партнерот.
РАБОТА: Не ве чекаат дополнителни обврски кога е работата во прашање. Денес е поволен ден за одмор.
ЗДРАВЈЕ: Можна настинка.
ЈАРЕЦ 22.12.- 19.1.
Комуникативни сте и добри сте во се што е поврзано со работата со луѓе. Имате желба да се истакнете.
ЉУБОВ: Партнерот има свои проблеми, тешко дека ве забележува.
РАБОТА: Се враќаш во форма.
ЗДРАВЈЕ: Главно добро.
ВОДОЛИЈА 20.1.- 19.2.
Имате можност да размислите за себе и за својот живот, да се откажете од двете работи кои се излишни, од нештата до луѓето.
ЉУБОВ: Некој покажува интерес за вас. Можеби сето тоа изгледа несмасно, но дајте му шанса.
РАБОТА: Ви недостига сочувство за другите. На работа гледате само на себе и на сопствениот интерес.
ЗДРАВЈЕ: Ви треба релаксација.
РИБИ 20.2.- 20.3.
Свесни сте за своите цели, но во моментот сте стагнирани и немате енергија да започнете.
ЉУБОВ: Нервозата што постојано ја чувствувате дефинитивно ќе го расипе добриот однос со партнерот.
РАБОТА: Лоша финансиска состојба.
ЗДРАВЈЕ: Повеќе позитивни.