Живот и Стил

Дневен хороскоп: Понеделник (18.02.2019)

Дневен хороскоп: Понеделник (18.02.2019)

ОВЕН

Работa: Не е поволен ден за било какви правни или судски прашања. Може да имате некоја штета од јавни расправи.

Љубов: Доколку сте слободни, ве очекува интересен ден за флерт.

Здравје: Избегнувајте алкохол и газирани напитоци.

БИК

Работа: Финансиите денеска не ви се најдобри, и тоа ве депримира. Вие сакате комфор и многу е важно материјално да бидете добро „потковани“.

Љубов: Можно е вашата љубомора да преоѓа одредени граници.

Здравје: Проблеми со дебелото црево.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можете да се надевате на тоа дека ќе успеете да ги разјасните околностите кои ви беа кочница на ова поле.

Љубов: Не сте сигурни во тоа дали вашата симпатија има исти чувства како и вие, па некако се држите на страна.

Здравје: Чувствителни бубрези.

РАК

Работа: Хаотична ситуација на работното поле, и тоа ви носи вознемиреност и нервоза. Не сте сигурни што можете да очекувате.

Љубов: Потребно ви е некое време да се дистанцирате и да направите пауза од врска.

Здравје: Можна настинка.

ЛАВ

Работа: Доколку сте планирале да работите некоја приватна работа, денеска е поволен момент да се посветите на тоа.

Љубов: Многу сте шармантни и лесно ги покажувате сите свои квалитети. Можно е да имате неколку личности кои ви се додворуваат.

Здравје: Водете сметка околу притисокот.

ДЕВИЦА

Работа: Сакате да ја задржите стабилноста иако некои ризици ве привлекуваат. Не сте сигурни кој треба да биде следниот потег.

Љубов: Имате доверба во саканата личност и односот ви е добар. Може да очекувате промени.

Здравје: Ви годи да одморате.

ВАГА

Работа: Ви доаѓа прилика да напредувате и да дојдете до остварување на своите амбиции. Потрудете се го дадете својот максимум на работа.

Љубов: Доколку сте слободни, можно е да остварите познанство преку работа.

Здравје: Избегнувајте мрсна храна.

СКОРПИЈА

Работа: Во очекува позитивен ден во текот на кој ќе успеете да решите некои важни проблеми.

Љубов: Саканата личност ви е посветена и убаво се чувствувате кога сте заедни. Очекувајте добар ден.

Здравје: Редовно јадете.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Под голем притисок ги одработувате своите работи. Имате проблеми со надредените кои не можете лесно да ги решите.

Љубов: Ве очекува поволен ден за нови познанства. Во следните денови можен е почеток на врска.

Здравје: Метаболизмот ви е бавен.

ЈАРЕЦ

Работа: Може да очекувате потпишување на некој договор на работното поле. Поволен е денот за било каква продажба.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност е променлива, и во некои моменти не знаете што да очекувате.

Здравје: Чувајте го грлото од вирусот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Кога се во прашање финансиите, ве очекува значително подобрување од кое ќе бидете задоволни.

Љубов: Уживате во заедничкото друштво со саканата личност и убаво ви е. Поволен ден за романтична прошетка или излегување.

Здравје: Посетете стоматолог.

РИБИ

Работа: Задоволни сте од ситуацијата на работата која е прилично стабилна. Во текот на денешниот ден не ве очекуваат големи промени.

Љубов: Го подарувате своето внимание на саканата личност, а таа ви возвраќа со нежности.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.

To top