ОВЕН:
Полни со иницијатива, треба да смислите што сакате да реализирате во својот живот: сè започнува со решителност и кураж со кои што ќе ги отстраните конфликтите кои што ве иритираат. Сега сте во подобра позиција да ги проширите своите хоризонти и да дојдете до здраворазумски решенија: бидете спонтани и директни. Успех.
БИК:
Промени во дневната рутина, кои доаѓаат по некој логичен редослед: можеби сакате побрз исход, но за тоа ќе треба да почекате. Секако, тоа не значи дека сте неуспешни, но само истрајни во своите намери: бидете меки и нежни со себе си, оставајќи ги нереалните планови во минатото. Откријте што навистина сакате. Среќа.
БЛИЗНАЦИ:
Вашиот нервен систем е многу напнат, но ќе треба да откриете што е тоа што ви предизвикува толкава тешкотија, страв и недоверба: дали ги идеализирате работите премногу? Можеби имате погрешна претстава за тоа како треба да изгледа иднината и затоа правите непродуктивни планови: стремете се трезвено да ја процените ситуацијата.
РАК:
Конечно разбирате дека не треба да трчате по саканите работи, туку само да им отворите врата и промените ќе се случат самите од себе: ако сакате поинаква реалност, ќе треба да го менувате однесувањето и така ќе дојдете до убави новитети, особено во областа на домот. Време е за радост, релаксација и многу љубов: среќни сте! Добро здравје.
ЛАВ:
Денес доаѓате до саканиот баланс и успевате да постигнете добра комуникација со непосредната околина: ако нешто ви е потребно, не губете ја силата на колебање, туку едноставно чекорете по својот пат и земете си го она што ви треба. Некој ги забележува вашите напори и можно е да дојдете до промоција, нов договор или работен ангажман.
ДЕВИЦА:
Љубете го она што го работите и ќе бидете среќни: не постои друго правило освен љубовта! Моќни и страсни, имајте ентузијазам да си признаете дека животот е совршен: секогаш ќе привлечете подобри резултати и со секој нов ден ќе бидете подобра верзија на самите себе. Верувајте им на своите инстинкти и слушајте го своето срце!
ВАГА:
Во секоја личност блеска една божја искра, па така и вие пријатели имате потенцијал да ги претставите своите креативни капацитети и да покажете колку сте инспирирани и вљубени: сè се случува со голема леснотија, особено ако го вложите целото свое битие и срце во она што одамна го знаете. Користете ги своите таленти и пријателски врски.
СКОРПИЈА:
Останете смирени и сконцентрирани, очекувајќи дека може да се соочите со нагли промени: ваквиот став ќе ви помогне да го задржите внатрешниот баланс и да најдете нови сојузници. Сите предмети во вашата непосредна околина ќе ви помогнат да дојдете до подлабока вистина: бидете му благодарни на она што ќе го оставите во минатото.
СТРЕЛЕЦ:
Одличен ден за љубов, забава и пријателства: можеби ќе треба да му помогнете на некој да дојде во баланс во својата околина или ќе треба да им помогнете на помладите од себе. Сега не е време да размислувате со какви средства ќе ја постигнете целта, туку да бидете слатки, нежни и невини како дете: соработувајте со тимот. Ентузијазам.
ЈАРЕЦ:
Сега треба да ја покажете својата решителност, посветеност и апсолутна самодоверба во сопствените сили: тврдината се освојува по многу одрекувања и напори, а лекциите се учат дури и во подоцнежните години. Секој нов ден има своја нова порака, а наученото не пишувајте го во песокот, освен ако тоа не е зборот песимизам. Трансформација.
ВОДОЛИЈА:
После долготрајни напори и залагања, ова е период кога ќе откриете дека вашите вложувања добиваат конкретен облик во материјалната реалност: она што сте го замислиле уште одамна, сега веќе се остварува, а тоа ве исполнува со среќа и задоволство. Сè досега немавте претстава што сè се случува зад завесата. Нови дизајни и планови.
РИБИ:
Не чукајте си ја главата од ѕид тежнеејќи да го постигнете идеалниот имиџ: време е да ја насочите својата енергија во обновувањето на личната сила. Човекот го добива она што активно не го сака, затоа намалете ги страстите и направете реевалуација: прифатете го предизвикот и самите да бидете оценувани во своите способности.
извор:нетепресс.ком.мк