Овен
Работа: Вложувате голем напор, но на крајот не оставате позитивен впечаток на конкретните соработници. Побарајте добар совет или нечие посредување во врска со бизнисот со кој се занимавате. Љубов: Нема причина да го прикривате вашето емоционално расположение пред лицето кое добро ги познава вашите доблести или недостатоци. Ќе се чувствувате подобро во искрена доверба и блискост. Здравје: Потребен ви е одмор.
Бик
Работа: Нема причина да одложувате средба со соработниците. Тоа е момент да ги забрзате вашиот бизнис активности или да прифатите нечија понуда. Љубов: Нека вашиот партнер игра голема улога во вообичаените ситуации, особено кога љубовниот ентузијазам води до најубаво задоволство. Здравје: Болка во мускулите.
Близнаци
Работа: Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да ве условува. Нa вас е да им предложите на вашите соработници корисно решение кое треба да исполни различни интереси. Љубов: Често ја губите трпеливоста пред саканата личност. Обрнете внимание на поведри содржини и бидете повеќе трпеливи што ќе и годи на вашата врска. Здравје: Добро.
Рак
Работа: Ветувањата што ги добивате не претставуваат гаранција за деловна победа. Потребно е да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите вашите интереси. Љубов: Бидете сигурни дека ќе делувате доволно занесни за да бидете екстатични и инспиративни за саканата личност, и немојте да дозволете си да се оттргнете од некои заеднички планови. Здравје: Добро.
Лав
Работа: Важно е да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух или интерес да ги поддржи вашите идеи. Новите деловни настани може да ве позиционираат во позитивно светло. Љубов: Покажете дека имате разбирање за саканата личност. Сè што правите треба да ве приближи до лични цели. Имагинацијата секогаш делува како бескрајна инспирација ако сте во право друштво. Здравје: Премногу сте чувствителни.
Девица
Работа: Ако премногу критикувате нечие однесување, тогаш мора да ги прифатите можните негативни реакции. Сакате да го промените своето однесување или условите што ви се наметнуваат. Љубов: Избегнете провокативни ситуации или лице кое не ги исполнува вашите емотивни критериуми. Би треба искрено внимание и разбирање. Здравје: Можна главоболка.
Вага
Работа: Нема причина да ги обвинувате другите за моменталниот неуспех. Можно е грешките да бидат во вас, а не во околината. Понекогаш е тешко да се признае личен пораз. Љубов: Анализирајте го однесувањето на партнерот внимателно. Можеби има и некои непознати околности или детали кои не ги гледате. Не игнорирајте нечиј збор или порака што ја примате. Здравје: Добро.
Скорпија
Работа: Донесувате рационални одлуки, но понекогаш треба да дејствувате според интиуцијата. Внимателно набљудувајте ги вашите соработници и водете ја приказната во насока која води до некој заеднички успех. Љубо: Сè е можно ако сте доволно инспиративни и упорни во вашите намери пред саканата личност. Бидете доволно истрајни во она што го мислите и сакате. Здравје: Стомачни проблеми.
Стрелец
Работа: Делувате мудро и промислено кога се сретнувате со соработниците. Нема причина да се однесувате наметливо, оставете ги другите да ви кажат за вашиот успех или во ваша корист. Љубов: Покажи искрен интерес за идеите на саканата личност. Избегнувајте различни емоционални провокации или нова љубоморна сцена. Здравје: Корегирајте ја исхраната.
Јарец
Работа: Постојано барате излез од сложени ситуации, но некој како дополнително ве оптоварува со различни барања. Секој проблем има добро решение. Љубов: Избегнувајте ривалство или некоја љубоморна сцена. Покажете му на саканиот дека имате слични отреби и користете зрно на мудрост секогаш кога е потребно. Здравје: Одлично.
Водолија
Работа: Бидете доволно разумни пред лицето кое ве обврзува со одредени услови во бизнис соработката. Важно е да се зачуваат вашите интереси и добри односи со околината. Љубов: Чувството на емоционална блискост во вас го поттикнува позитивното расположение и креативната енергија.Добро е што се ориентиравте кон подобрата страна на реалноста. Здравје: Лоша циркулација.
Риби
Работа: Договорот со едно лице ве обврзува на одредени услови или на строга бизнис дискреција. Сепак, имате различни идеи и нема да дозволите некој да одлучува во ваше име. Љубов: Понекогаш сакате повеќе отколку што можете. Партнерот постапува чудно додека ги слуша вашите забелешки. Бидете реални во оценувањето на нечии опции. Здравје: Добро се чувствувате.
извор:скопје24