ОВЕН
Работа: Досега сте имале распоред, сте работеле со вообичаено темпо, но настапува многу пожесток период од оној на кој сте навикнале.
Љубов: Ако сакате некој да ви се приближи, морате да му покажете дека сте подготвени за нешто ново. Изразете го својот шарм на вистинскиот начин.
Здравје: Лошо расположение.
БИК
Работа: Може да очекувате премин на ново работно место. Доколку се покажете на новата работа, може да очекувате и подобри финансии, како и можност за понатамошен напредок.
Љубов: Личност од минатото нема да ви дава мир.
Здравје: Ако спортувате, внимавајте да не се повредите.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ќе ве уфрлат во оган, ќе добиете рокови за завршување на работи.
Љубов: Ако сте слободни, нема поместувања на ова поле. Ќе мора да тргнете во акција.
Здравје: Мали стомачни проблеми.
РАК
Работа: Ќе работите во тим и секоја работа ќе биде евидентирана. Ќе оставите силен впечаток на надредените.
Љубов: Дилеми во партнерските односи се можни благодарение на вашето опкружување.
Здравје: Вниамавајте на исхраната.
ЛАВ
Работа: Конечно, доаѓате до пари. Не само да ги добивате од странство, туку ве очекуваат и посебни бонуси.
Љубов: Ако не сакате да го изгубите партнерот, ќе мора да смените некои ставови.
Здравје: Нема проблеми со здравјето.
ДЕВИЦА
Работа: Колку работите, толку и заработувате. Неисцрпни сте во идеите, така што и другите сакаат да работат со вас.
Љубов: Во љубовните односи функционирате беспрекорно и не треба да ве загрижува тоа што другите мислат за тоа.
Здравје: Време е да почнете да вежбате и спортувате.
ВАГА
Работа: Вие не само што заработувате, туку овозможувате и другите да заработат. Очекувате понуда од странство, што би требало без проблем да ја прифатите.
Љубов: Партнерот нема потреба да ве следи и да ви угодува.
Здравје: Конзумирајте повеќе житарици, овошје и зеленчук.
ШКОРПИЈА
Работа: Ви следува голема и многу успешна кариера. „Вооружете“ се со сила, енергија, знаење, за да може да се прикажете во најдобро светло.
Љубов: Овој ден е одличен за стабилни емотивни односи и развивање на врската.
Здравје: Почнете со редовна физичка активност.
СТРЕЛЕЦ
Работа: На овој план ве очекуваат некоја врста обука, усовршување, а потоа и премин на ново работно место.
Љубов: Партнерот го вклучувате во своите планови или го пренасочувате вниманието во правец кој го одбрал, и со тоа караниците ќе бидат избегнати.
Здравје: Хронични тегоби.
ЈАРЕЦ
Работа: Доволно сте стручни, имате верба во себе. Ве очекува реализација за која сте се ангажирале, за која сте мислиле дека е невозможно да стане вистина.
Љубов: Во емотивно партнерските односи малку се случува, затоа што не сте заинтересирани за сериозна врска.
Здравје: Исфрлете ја нервозата.
ВОДОЛИЈА
Работа: На вам е да се изборите од туѓите влијанија, да се изолирате да се концентрирате на своите работни обврски. Можно е преместување на подобро работно место.
Љубов: Со партнерот може да имате караница на самиот почеток на денот.
Здравје: Внесувајте повеќе витамини.
РИБИ
Работа: Ќе добиете признание кое одамна сте го заслужувале. Бидете внимателни и платете ги на време заостанатите сметки, затоа што нема да може се да регулирате.
Љубов: Слободните Риби ќе имаат добар период, ќе се дружат и ќе уживаат.
Здравје: Посветете се на здрава исхрана.
извор:нетпрес.ком.мк