ОВЕН
Работа: Имате оптимистичен став кон работните обврски и многу сте вредни. Ја одработувате работата на време, онака како што сте замислиле.
Љубов: Партнерот инсистира исклучиво сами да го поминувате времето.
Здравје: Стабилно здравје.
БИК
Работа: Водите сметка околу најситните работни детали. Ништо не препуштате на случајот. Задоволни сте што нема иненадувања и тешкотии.
Љубов: Пробувате да ја освоите симпатијата, а таа смета дека не сте во целост искрен.
Здравје: Задоволувачко здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Организирани сте и лесно се прилагодувате. Не дозволувате изненадувачки потешкотии да направат застој или промена, затоа што ги решавате по итна постапка.
Љубов: Партнерот сака да има подобра комуникација со вас.
Здравје: Болки во коските.
РАК
Работа: Максимално сте фокусирани на новите обврски. Добро сте организирани, и точно знаете која работа има приоритт.
Љубов: Задоволни сте од врската. Размислувате дека партнерот би бил одличен сопруг и татко на вашите деца.
Здравје: Се чувствувате добро.
ЛАВ
Работа: Тежите кон успех. Работниот план е детален и се одвива онака како што сте го замислиле.
Љубов: Друштвено сте ориентирани. Имате потреба да бидете опкружени со луѓе, но никој не буди емоции во вас.
Здравје: Стабилно здравје.
ДЕВИЦА
Работа: Строги сте кон себе. Иако резултатите се одлични, размислувате дека некои обврски сте можеле да ги одработите поинаку, на подобар начин.
Љубов: Работата ви е приоритет, но за среќа, партнерот има разбирање за вашите обврски.
Здравје: Одлично здравје.
ВАГА
Работа: Уживате во работата. Креативни сте. Работните обврски ги доживувате како начин на искажување на своите способности.
Љубов: Ве очекува средба со колега кој ви се допаѓа. Не комуницирате со него приватно, туку само службено.
Здравје: Несоница.
ШКОРПИЈА
Работа: Целата своја енергија ја насочувате во обврските. Оптимистични сте и уверени ви успех. Обврските ги работите на брз и ефикасен начин.
Љубов: Презадоволни сте од врската и размислувате за брак.
Здравје: Задоволително здравје.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Самостојноста во работата ви е важна. Јасно ставате до знаење на колегите дека сугестии не ве интересираат.
Љубов: Емотивно сте исполнети. Односот со брачниот партнер е опуштен и полн со љубов.
Здравје: Се чувствувате добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Прилично сте фокусирани на областа комуникации. Во случај на решавање на било какви правни прашања, ве очекува успех.
Љубов: Задоволни сте од емотивното поле. Ви се појавува посесивност, и барате од партнерот да ви се посвети.
Здравје: Стабилно.
ВОДОЛИЈА
Работа: Вршите контрола на одредени работни обврски. Драго ви е што нема пропуст и што можете да продолжите да работите по план.
Љубов: Многу ви е важна менталната поврзаност со партнерот. Уживате во комуникацијата и во размената на мислења.
Здравје: Се чувствувате добро.
РИБИ
Работа: Имате огромни работни планови кои не се во целост реални. Ја вложувата целата енергија во работата и очекувате успех.
Љубов: Емотивно сте неопуѓтени. Премногу ја анализирате врската и партнерот, наместо да бидете спонтани и да уживате.
Здравје: Чувајте го грлото.
извор:нетпрес.ком.мк