Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок (25.Декември,2020 година)

Дневен хороскоп: Петок (25.Декември,2020 година)

ОВЕН

Работа: Одржувате состанок кој неодамна бил одложен. Одлично поминувате на него, и задоволни сте од постигнатиот договор.

Љубов: Односот со брачниот партнер е се подобар, благодарение на вашиот труд.

Здравје: Дишните органи се чувствителни.

БИК

Работа: Вашиот пристап кон работата не е рационален. Правите планови кои немаат стабилна основа, и се неостварливи.

Љубов: Емотивно сте заинтересирани за личност, на која не сте подготвени да и ги искажете емоциите.

Здравје: Ве очекуваат проблеми со хормоните.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Разговарате со надредената личност за следниот проект. Размисувате слично, што ви ја олеснува работата.

Љубов: Се трудите да воспоставите редовна комуникација со симаптијата, и успевате во тоа.

Здравје: Се чувствувате добро.

РАК

Работа: Разочарани сте, затоа што на работа не сте го постигнале она што сте сакале. Не ви е јасно каде сте згрешиле. Ве загрижуваат финансиите.

Љубов: Брачниот партнер е лежерен по прашањето на парите, што многу ви пречи.

Здравје: Не сте расположени.

ЛАВ

Работа: Вашите планови паѓаат во вода. Ви се појавуваат проблеми поради кои морате да го насочите вашето внимание.

Љубов: Брачниот партнер е загрижен поради финансиите и сака да разговара.

Здравје: Црниот дроб е чувствителен.

ДЕВИЦА

Работа: Задоволни сте од соработката со колегите. Имате во план да им понудите дополнителни услуги.

Љубов: Односот со брачниот партнер е задоволувачки. Малку сте загрижени поради финансиите, но не и тој.

Здравје: Проблеми со кожата се можни.

ВАГА

Работа: Уживате на работа. Го покажувате својот талент и способност.

Љубов: Вашата врска е се подобра и подобра. Тоа првенствено е ваша заслуга. Сте разбрале каде грешите, и грешките повеќе не ги повторувате.

Здравје: Посетете гинеколог ако се од женскиот пол.

ШКОРПИЈА

Работа: Не успевате да ги совладите проблемите. Почнувате да се сомневате во своите квалитети. Ви паѓа на памет дека ова не е вистинската работа за вас.

Љубов: Максимално сте посветени на тајната врска.

Здравје: Бубрезите се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Правите планови кои не се базирани на фактите. Сакате многу повеќе од она што реално можете да го постигнете.

Љубов: Не сте заинтересирани за емотивното поле, и времето го минувате сами.

Здравје: Грлото е чувствително.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува прилив на пари. Се чувствувате многу подобро, и затоа плански го трошите.

Љубов: Емоциите ви проработиле. Конечно, покажувате инцијатива и на другата страна и покажувате дека ве интересира.

Здравје: Одлично се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Работа: Одличен ден за решавање на правни прашања. Доколку имате рочиште, ќе бидете перфектни.

Љубов: Размислувате за партнерот често. Носите одлука да му се јавите, и разговорот тече многу подобро од што сте очекувале.

Здравје: Стабилно здравје.

РИБИ

Работа: Се што сте испланирале, реализирате без никакви тешкотии.

Љубов: Презадоволни сте од односот со брачниот партнер. Партнерот ужива во вашето внимание.

Здравје: Стабилна ситуација со здравјето.

извор:нетпрес.ком.мк

To top