Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок 22-ри Декември 2023 година

Дневен хороскоп: Петок 22-ри Декември 2023 година

ОВЕН
Бидете одговорни за своите должности, а ако треба да им помогнете на колегите, не одбивајте дури и при ретроградното движење на Меркур. Започнете со потфати кои се профитабилни за вас. Не ризикувајте со инвестициите доколку не сте сигурни во вашата стабилност. Ќе уживате во невиден успех кој е причина за колегијална завист. Тешкотиите се надминливи.

БИК
Од една страна, имате шанса да успеете на работното место, иако Меркур е ретрограден, а од друга страна, пак, премногу сте подложни на влијание и може да не успеете поради советите кои се збунувачки и нејасни. Не ве советуваме да размислувате за регистрирање на ваша компанија денеска. Не дозволувајте си финансиски загуби поради ветувања за избрзани инвестиции.

БЛИЗНАЦИ
Не се чувствувате одморени, а со ретроградниот Меркур ве очекува многу работа. Ќе бидете изненадени од вестите за претстојните финансиски приходи. Не размислувајте за инвестиции, туку размислете кои трошоци треба да ги покриете. Со исполнување на ветувањата дадени на вашите деловни партнери, ќе го издигнете својот авторитет и ќе добиете финансиска поддршка.

РАК
Внимавајте доколку патувате за време на ретроградното движење на Меркур, особено ако сте зад воланот, без разлика на колку далеку треба да ги посетите деловните партнери. Вашите колеги се обидуваат да ви го расипат расположението. Ги предизвикавте со вашето агресивно однесување. Не донесувајте важни одлуки и не потпишувајте финансиски документи. Не се занимавајте со договори за кредитирање.

ЛАВ
Продолжените расправии со вашите блиски предизвикани од поделбата на имотот ќе ви потрошат вреден дел од времето. Не заборавајте на вашите должности. Успехот е со вас токму на работното место. Напорите се успешни и се од големо значење за вашиот иден професионален успех, но внимавајте да не потфрлите, а ретроградниот Меркур не дозволува погрешни одлуки.

ДЕВИЦА
Разговарајте со вашите деловни партнери кои сакате да ги убедите во ширењето на активностите на вашата компанија. Денеска тие сигурно ќе ве слушаат за разлика од вашите претходни обиди и ќе одлучат да ве поддржат доколку ги следите диктатите на ретроградниот Меркур. Воопшто не се оптоварувајте со нивните грешки и фокусирајте се само на вашите задачи кои се основата на вашите успеси.

ВАГА
Утрово сте нервозни поради лични проблеми со кои тешко се справувате. Не е реално да ги споделувате со вашите колеги. Ако се потпрете на себеси, успехот сигурно ќе ви дојде. Бидете трпеливи и не предизвикувајте конфликти на вашето работно место, само затоа што и самите сте нерасположени. Не патувајте поради влијанието на ретроградниот Меркур.

ШКОРПИЈА
Се расправате за тоа што се случува со вашите колеги и ја предизвикувате нивната нетрпеливост за време на владеењето на ретроградниот Меркур. Доколку сакате брзо да се справите со вашите должности, не покажувајте ја вашата лутина. Не послњгнувајте на искушението од понуда за учество во нови проекти, бидејќи ризикувате да изгубите дел од приходите, особено при импулсивни одлуки.

СТРЕЛЕЦ
Ве оптоваруваат со патување, кое ќе стане причина за конфликти на вашето работно мест, а и со вашите најблиски. Ако вашите колеги одбиваат да ве вклучат, подобро е да го одложите. Бидете внимателни, бидејќи ваш колега може да се обиде да го заземе вашето место. Очигледно заслугата за тоа е и ваша, особено доколу не ги следите диктатите на ретроградниот Меркур.

ЈАРЕЦ
Иницијативите се успешни доколку сте ги завршиле другите задачи и ако немате итна потреба да ги завршите до крајот на денот. Со разум избегнувајте ги тешкотиите, особено во односите со вашите најблиски. Мора да направите компромис. Прифатете помош од вашите колеги ако сакате да се справите со вашите задачи во текот на ретроградниот Меркур.

ВОДОЛИЈА
За разлика од вашите лични односи, кои се во криза предизвикана од вашите најблиски, на работното место сте совршени и ги импресионирате колегите со вашите успеси. Доколку имате намера да ја промените работата, можете само да размислите за понудата на ново место кое ќе ви даде шанса за професионален раст. Ретроградниот Меркур ви помага.

РИБИ
Способни сте да го дадете најдоброто од себеси и да блеснете со своите можности на работното место. Не верувајте во надворешните совети, особено ако ви се наметнуваат и не му се спротивставувајте на ретроградниот Меркур. Конфликтите со претпоставените се неизбежни. Ќе се справите со тоа благодарејќи на вашето самоуверено однесување, заслужувајќи ја нивната почит.

извор:нетпрес.ком.мк

To top