Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок, 04 Август 2023 година

Дневен хороскоп: Петок, 04 Август 2023 година

Овен 21.3.- 20.4.

Одличен ден за почнување некој нов проект на работа, затоа што сте мотивирани со идеја и желба за успех. Комуникацијата и договорите одат лесно и ќе бидете задоволни од своите резултати. Личноста која ви се допаша тргнала накај вас и ви наговестува можност за средба.

Бик 21.4.-21.5.

Позитивен импулс и инспирација. Некои работи сте ги расчистиле и сте ги оставиле зад себе, и подготвени сте на вистински начин да се посветите на она што доаѓа. Сакате да ја засилите комуникацијата со една личност, но пробувате преку заеднички пријател да „извлечете“ нешто за неа.

Близнаци 22.5.- 21.6.

Било што и да планирате да почнете, ќе имате резултати и успех. Доста поволен ден не само за работа, туку и за финансиски сегмент но и за емоции. Драго ви е што вашиот впечаток за една личност испаднал токму на место и сега слободно може да се препуштите на комуникацијата.

Рак 22.6. – 22.7.

Денешниот ден ви носи добро расположение, но и можност на лесен и убав начин да почнете нешто што ви е важно на работното поле. Ако сакате да освоите некој, денеска е вистински ден за почнување, особено во попладневните и вечерните часови.

Лав 23.7.- 22.8.

Вистински договрои. Тие не морат да се врзат за редовните работи, затоа што денеска Лавовите одат во можност да почнат краткотраен, но исплатлив бизнис. Приметува дека партнерот се прави наивен, но моментлано немате време да се заморувате околу тоа.

Девица 23.8. – 22,9.

Сте испливале од некои, по вас, незгодни ситуации, и сега водете сметка како ќе одите понатаму. Вистински момент е да го смените односот кон обврските. Бидете поорганизирани. Добра комуникација со емотивен партнер, иако сте малку отсутни.

Вага 23,9. – 22.10.

Сте направиле компромисно решение со соработникот, и сега гледате како тензијата се расчистува. Важно е да не се занесувате со претераното воодушевување, имате уште многу работа. Во емотивниот дел сте сигурни и подготвени некои работи да простите.

Шкорпија 23.10.- 22.11.

Сте успеале да направите договор и денеска е можен прилив на финансии. Колку на ова се радувате, толку сте свесни дека овие пари само ќе минат низ вашите раце. Некои трошоци или долгови мора да ги регулирате. Односот со саканата личност е интензивен.

Стрелец 21.11.- 21.12.

Не ви годат барањата од страна на соработниците, но принудени сте да ги исполните. Додуша, и вие сте неодговорни по некои прашања и поради тоа страдате. Приметувате некои работи кај емотивниот партнер, но не реагирате засега.

Јарец 22.12.- 19.1.

Можно е премногу да очекувате од луѓето, па немојте да бидете разочарани ако нивните случувања бидат само половично исполнети. Но, ниту ова нема да ве спречи да бидете и натаму активни и оптимистични. Што сте успееле да остварите, сте оствариле, а за други работи има време.

Водолија 20.1.- 19.2.

Подобрување на односите со колегите ќе биде видливо и денеска може да очекувате помош и поддршка од нивна страна. Денот кога е можно да дојде до договор. Вашето однесување кон некој кој ви се допаша ве издава. Сега е на другата страна, вие јасно сте заинтересирани.

Риби 20.2.- 20.3.

Во подобро сте расположение и помотивирани и подготвени да се соочите со одлуките кои мора да ги донесете, а се однесуваат на работниот сегмент. Вашите идеи денеска може да најдат пат до заинтересираните, па немојте да одложувате да ги пласирате. Емотивниот сегмент е повеќе од добар.

извор:ТВ21.тв

To top