Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок (03.Јули,2020 година)

Дневен хороскоп: Петок (03.Јули,2020 година)

ОВЕН

Работа: Верувате во себе и во своите способности и знаете дека може далеку да стигнете. Судбината ќе ви биде наклонета.

Љубов: Можно е некои работи да испливаат на површина. За саканата личност ќе слушнете сешто.

Здравје: Одморајте што повеќе.

БИК

Работа: Дошло време за промени кога е во прашање работата. Ве очекуваат доста нови пресврти.

Љубов: Ве очекуваат позитивни случувања во односот со партнерот. Вашата врска би можела да се стабилизира.

Здравје: Добро се чувствувате во својата кожа.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Нервозни сте и тоа се одразува на работните одлуки кои ги носите. Избегнувајте брзи одлуки.

Љубов: Ако сте слободни ви следува ново познанство кое ќе ви биде значајно.

Здравје: Хронични проблеми.

РАК

Работа: Време е да се завземете за своите принципи и ставови на ова поле. Немојте да се откажете без борба.

Љубов: Ако ги признаете своите искрени чувства кон партнерот, ќе ви биде возвратено.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

ЛАВ

Работа: Ќе има нови проблеми на работа. Во текот на денешниот ден ќе ви треба доста нерви со се да се изборите.

Љубов: Успешно ќе ги надминете конфликтите во односот со партнерот. Наоѓате компромис.

Здравје: Водете сметка околу стомакот.

ДЕВИЦА

Работа: Нова соработка ве очекува наскоро. Ќе бидете задоволни од новите понуди.

Љубов: Ако имате партнер, сакате да воведете некои нови иновации во вашата врска. Подготвени сте за експериментирање.

Здравје: Внимавајте на здравјето.

ВАГА

Работа: Доста работи не тргнале по планот кога е во прашање работата, па поради тоа чувствувате голема доза на незадоволство.

Љубов: Ве очекува интересно познанство кое наскоро би можело да ве доведе до нова врска.

Здравје: Тегоби со грлото.

ШКОРПИЈА

Работа: Пред вас е период во кој судбината ќе биде на ваша страна. Работните проблеми ќе може да ги решите лесно.

Љубов: Ќе бидете среќни, задоволни и исполнети крај личноста која ви значи.

Здравје: Наклонети сте кон дебелеење.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Важно е сите информации кои ги добивате на полето работа, добро да ги анализирате.

Љубов: Сте се вљубиле и подготвени сте да почнете со нови одлуки за да ја најдете среќата со личноста која ви значи.

Здравје: Водете сметка околу очите.

ЈАРЕЦ

Работа: Може да очекувате дека ќе добиете прилика да ги реализирате идеите на кои долгот време работите.

Љубов: Ве очекува прилика да влезете во врска која ќе се одвива на далечина. Подготвени сте на такво нешто.

Здравје: Наклонетост кон депресија.

ВОДОЛИЈА

Работа: Пробајте да се посветите на работата и обврските и да не се грижите за работите кои ви ја реметат концентрацијата.

Љубов: Интересно познанство ви доаѓа многу наскоро. Може да очекувате поволен ден за љубов.

Здравје: Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа: Во следниот период ве очекуваат некои отежнувања кога е во прашање вашето поле на работа.

Љубов: Пред вас е период во кој односот меѓу вас и саканата личност може да биде тежок и комплициран.

Здравје: Пијте повеќе вода.

извор:нетпрес.ком.мк

To top