Живот и Стил

Дневен хороскоп,четврток 9 јануари 2020

Дневен хороскоп,четврток 9 јануари 2020

Овен

Работa: Очекувајте дека во следниот период ќе успеете да ги остварите своите планови и да дојдете до мало унапредување.

Љубов: Потрудете се со саканата личнсот да остварите позтивина атмосфера.

Здравје: Чувајте се во сообраќајот.

Бик

Работа: Константно сте напнати и вашето расположение сосема негативно се одразува на ситуацијата во работното опкружување.

Љубов: Подготовени сте максимално да се посветите на личноста која ви значи.

Здравје: Најдете време за спиење.

Близнаци

Работа: Очекувајте дека со надредените ќе остварите добра комуникација и дека лесно ќе доаѓате до добри работи.

Љубов: Мечтаете за личност која неодамна сте ја запознале, но не сте сигурни на кој начин да и пријдете.

Здравје: Можна главоболка.

Рак

Работа: Препорака е во текот на денешниот ден да водите сметка околу своите трошоци.

Љубов: Се двоумите, и не сте сигурни која личност да ја одберете за себе. Имате два(е) различни додворувач(к)и и секој ден ви е интересен.

Здравје: Чувствителен нервен систем.

Лав

Работа: Доаѓате до можност да остварите подобра заработувачка и ќе ја искористите. Ве очекува поволен период за работа.

Љубов: Пред вас е поволен ден за емоции. Со саканата личност ќе ги остварите своите желби.

Здравје: Вкочанетост.

Девица

Работа: Ќе имате успех во своето поле. Генерално пред вас е период во кој може да имате позитивни решенија на ова поле.

Љубов: Немојте премногу да очекувате на полето љубов, затоа што денеска не ви е поволен денот.

Здравје: Проблеми со циркулација.

Вага

Работа: Ќе успеете да ги решите проблемите кои сте ги имале на ова поле. Пред вас е фаза во која се можни позитивни решенија.

Љубов: Внимавајте на комуникацијата со саканата личност. Можни се чести караници.

Здравје: Одморајте што повеќе.

Шкорпија

Работа: Доколку прифатите нова понуда, ќе успеете да дојдете до големо унапредување на ова поле.

Љубов: Ве очекуваат позитивни случувања со личноста која ви значи. Искрено ќе и се препуштите.

Здравје: Добро се чувствувате во својата кожа.

Стрелец

Работа: Нервозни сте, и не успевате да ја сокриете несигурноста која ја имате кога е во прашање вашето работно поле.

Љубов: Ако сте слободни, ве очекува познанство кое многу лесно би можело да ве носи до врска.

Здравје: Хронични проблеми.

Јарец

Работа: Имате исправен став околу работната ситуација во која се наоѓате и денешниот ден ви е поволен за нови одлуки на ова поле.

Љубов: Време е на личноста која ви се допаѓа, конечно, да и ставите до знаење како се чувствувате.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

Водолија

Работа: Ве очекува многу бурен период во кој ќе имате бројни работни промени.

Љубов: Успешно ќе го надминете периодот кој сте го имале со саканата личност. Задоволни сте, затоа што љубовта победува се.

Здравје: Проблеми со стомакот.

Риби

Работа: Патувањето кое сте го планирале, нема да ви биде корисно, на крајот ќе имате и беспотребен трошок.

Љубов: Можно е ново љубовно познанство како и проблеми ако веќе имате партнер(ка).

Здравје: Мали проблеми со дишните патишта.

извор: нетпрес

To top