Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток 4-ти Јануари 2024 година

Дневен хороскоп: Четврток 4-ти Јануари 2024 година

ОВЕН
Денеска сте амбициозни да работите и да заработувате дополнителни приходи, но претпладнето ви се наложува да се оптоварите со други обврски кои нема брзо да ги завршите поради семејните проблеми. Ќе се справите со тоа, доколку не се возбудувате. Не им обраќајте внимание на сплетките на работно место.

БИК
Не брзајте да се пофалите со деловните понуди што сте ги добиле, бидејќи можно е некој да ве замени и да го заземе местото за кое сте сонувале. Посетата или јавувањето на пријателите ќе ве налути, бидејќи повторно бараат финансиска помош од вас. Потрошивте повеќе од дозволеното во последните неколку дена и не треба да бидете непромислени.

БЛИЗНАЦИ
Преголемата самодоверба и подготвеноста да ги слушате советите однадвор и да навлегувате во работните проблеми наместо вашите колегите не ви оди во прилог. Подобро да ги оставите самите да се снаоѓаат. Денот е погоден за планирање на буџетот и за втората половина од годината.

РАК
Оние од вас кои сте зафатени со професионални состаноци и не можат да ги одложат, нека не се преоптоваруваат и неопходно е обврските да ги завршат рано попладнето. Ако сте на пат и зад воланот со пријатно друштво, не дозволувајте вашиот висок дух да ве натера да забрзате. Пазете се од интриги, бидејќи може да се почувствувате погодени.

ЛАВ
Не одете на патување, бидејќи тоа дополнително ќе ви го зголеми товарот. И онака имате доволно обврски. Биди одговорни. Внимавајте да не ги навредите колегите со непромислени зборови. Разговарајте за вашите нови идеи за да го добиете нивното признание и поддршка.

ДЕВИЦА
Доколку е потребно, работете активно до пладнето, а потоа водете ги планираните разговори, но умерено. Не заборавајте да им се заблагодарите на вашите колеги за добиената поддршка. Патувањето ќе биде успешно. Запознавањето може да ви донесе пријатни емоции, но може и да ве разочара.

ВАГА
Ќе ја постигнете целта на работното место со спокојство. Трпеливо слушајте ги сите мислења на вашите колеги и кажете го своето без да инсистирате. Агресивни сте поради неможноста да прифатите дека односите во вашето семејство не се под ваша контрола. Откријте кој е изворот на интригата.

ШКОРПИЈА
Барањето да се биде коректен и умерен во сите работи со полна сила важи за оние од вас кои се на административна позиција и во чии раце е доверена важна јавна или државна задача, за која одговорноста е огромна. Сите интелектуалци ќе блеснат со своите знаења и вештини и ќе најдат ново поле на изразување.

СТРЕЛЕЦ
Најдете компромисно деловно решение за да ве поддржат сите колеги. Зафатите се успешни доколку се планирани на почетокот од минатиот месец и не се резултат на вашата импулсивна одлука. Одложете ги вашите стресни разговори. Во попладневните часови повторно ќе бидете под голем притисок на работата, со кој мора да се справите самите.

ЈАРЕЦ
Немојте да бидете премногу екстравагантни кога купувате за во канцеларијата или за во домот, за да не западнете во финансиски проблеми. Ако се занимавате со приватен бизнис, успехот ќе биде со вас, но само во планираните задачи без импровизирани промени. Преголемиот напор ви штети, а умереноста ви помага да соберете сила за следната седмица.

ВОДОЛИЈА
Продолжете со работните задачи, но главно завршете ги рутинските. Доколку брзо ги завршите, имате можност по завршувањето на работниот ден да се разонодите со излегување со пријателите и семејството. Вашата работа се одвива со контроверзии. Тешкотиите се надминливи, доколку не им се препуштите на новите мечтаења за забава.

РИБИ
Доколку сте трговец, денска добро ќе заработувате. Во случај на итни поправки, не се оптоварувајте со физичка работа, бидејќи заморот ќе ве спречи да бидете активни во наредните денови. Доколку сте приемчиви и ги земате предвид мислењата на вашите колеги, вашиот успех е загарантиран, иако побавно ќе се ослободувате од задачите.

извор:нетпрес.ком.мк

To top