Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток, 28 февруари 2019

Дневен хороскоп: Четврток, 28 февруари 2019

ОВЕН

Работа: Нервозата која доаѓа од вашето работно опкружување, влијае и на вас лично. Можно е да размислувате за промена на работата.

Љубов: Ве очекува период во кој ќе размислувате за прекин на емотивната врска во која сте незадоволни.

Здравје: Водете сметка за нервите.

БИК

Работa: Можни се проблеми кои се врзуваат со несогласувања со соработниците. Вие сте тврдоглави и не сакате да попуштите први.

Љубов: Сакате некое време да се забавувате, и да уживате во својата слобода. Не сте подгтовени за врска.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можно е да имате промени на ова поле кои доаѓаат неочекувано. Пред вас е напнат период.

Љубов: Ден во кој нема да бидете расположени за нови љубовни случувања, затоа што сте оптоварени со работа.

Здравје: Посетете забар.

РАК

Работа: Очекувајте изненадувачка понуда која би можело значајно да влијае на вашето поле околу заработката.

Љубов: Пред вас е возбудлива врска со личност која магнетски ве привлекува. Очекувајте интересен ден.

Здравје: Добро.

ЛАВ

Работа: Може да очекувате дека ќе имате променлив однос со соработниците. Пред вас е период на компликации.

Љубов: Саканата личност кон вас не се однесува онака како што сакате, и ве очекува нервоза.

Здравје: Проблеми со бешика.

ДЕВИЦА

Работа: Очекувајте отворен конфликт на работа. Добро знаете кои се вашите непријатели.

Љубов: Нови познанства се пред вас и ќе ви биде интересно. Љубовта ви оди на подобро.

Здравје: Добро се чувствувате.

ВАГА

Работа: Ситауцијата не е онаква каква што сакате. Ве очекува некое разочарување. Сакате да менувате работно место.

Љубов: Надевајте се на стабилен однос со саканата личност. Вашиот брак ви е сигурен.

Здравје: Проверете ја крвната слика.

ШКОРПИЈА

Работа: Очекувајте позитивни работни решенија и растоварување на ова поле денеска.

Љубов: Ве очекува ново емотивно познанство. Може да се надевате на позитивни работи.

Здравје: Спортувајте и внимавајте на својата кондиција.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можни се промени со соработниците. Пред вас е фаза во која ќе се појават доста нови проекти.

Љубов: Доколку планирате патување, можно е да остварите интересно ново љубовно познанство.

Здравје: Проблеми со варењето на храната.

ЈАРЕЦ

Работа: Работата ви оди се подобро и подобро. Пред вас е одлична можност за заработка и стабилизација на ова поле.

Љубов: Не е проблем отворено да ги покажете своите чувства и да ја заведете симпатијата.

Здравје: Мали проблеми со грлото и синусите.

ВОДОЛИЈА

Работа: Очекувајте мала караница со надредените кои сметаат дека не сте доволно ангажирани во работата.

Љубов: Партнерот не е задоволен од вашата врска, а вие тоа како да не го приметувате.

Здравје: Мали проблеми со несоница и нервоза.

РИБИ

Работа: Конечно, сте почнале работа која долго сте ја планирале и сега очекувате големо подобрување на ова поле.

Љубов: Со партнерот доаѓате до некоја монотија која за некое чудо ви годи. Чувството на сигурност ве опушта.

Здравје: Добро.

To top