Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток (26-ти Декември,2019 година)

Дневен хороскоп: Четврток (26-ти Декември,2019 година)

ОВЕН

Работa: Може да очекувате прилика за промена на работното место кое ќе ви одговара.

Љубов: Ќе имате шанса за познанство со личност која ќе биде подготовена за сериозна врска со вас.

Здравје: Одлична ситуација.

БИК

Работа: Работите вредно и важно ви е на полето работа да стигнете до најдобри резултати. Очекувајте поволен период.

Љубов: Очекувајте прилика со саканата личност да решите проблеми.

Здравје: Потребна ви е физичка активност.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ги преиспитувате своите планови кога е во прашање работата и доаѓате до заклучок дека ќе ви требаат некои промени.

Љубов: Можно е да имате турбулентен период во врската и дека со партнерот ќе има доста љубомора.

Здравје: Водете сметка околу начинот на исхрана.

РАК

Работа: Очекувајте напната ситуација кога е во прашање работата. Се укажува на караници со колегите.

Љубов: Ви се допаѓа личност која ќе покаже дека има некоја тајна во вашиот однос или ќе биде мистериозна.

Здравје: Работете на зајакнување на имунитетот.

ЛАВ

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, очеквуајте да остварите подобра заработувачка во следниот период.

Љубов: Ќе остварите добра комуникација со личноста која ви е важна. Нова љубовна врска почнува.

Здравје: Внимавајте на градниот кош.

ДЕВИЦА

Работа: Немојте да носите нагли одлуки и да си одите од работното место ако немате план Б.

Љубов: Можно е да посакувате да остварите нова емотивна врска, но и натаму не сте нашле личност која ви се допаѓа.

Здравје: Водете сметка околу стомакот.

ВАГА

Работа: Покажете да умеете да бидете силни во тешки околности и ќе бидете наградени за трудот кој сте го покажале.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност станува се полоша. Често се карате и рамислувате за прекин.

Здравје: Минлива кашлица.

ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува добар ден кога е во прашање полето работа. Може да се надевате на мирна атмосфера.

Љубов: Сакате да остварите стабилен однос на љубовното поле. Ќе бидете задоволни од ситуацијата.

Здрвје: Ќе ви годи конзумирање на свежи намирници.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува поволен ден во кој ќе успеете да ги остварите плановите кои ги имате.

Љубов: Вљубени сте во својот партнер и уживате во заедничките мигови. Среќни сте затоа што сте пронашле вистинската љубов.

Здравје: Можни проблеми со забите.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува момент на одлука. Потрудете се да бидете мудри и трензвени.

Љубов: Ако денеска ги почнете важните прашања околу односот со саканата личност, ќе ги решите.

Здравје: Ситуацијата е се подобра.

ВОДОЛИЈА

Работа: Пред вас е фаза која ви носи подобрување на работните активности. Можна е добра заработка.

Љубов: Ве очекува стабилна ситуација. Ако сте слободни, не е лош ден да остварите некое познанство.

Здравје: Проблеми со белите дробови.

РИБИ

Работа: Треба максимално да се посветите на своите обврски ако планирате да остварите напредок.

Љубов: Одличен ден на љубовното поле. Ве очекуваат романтични моменти.

Здравје: Имате вишок енергија, ќе ви годи тренинг.

извор:нетпресс.ком.мк

To top