ОВЕН
Бидете организирани и наметнете си самодисциплина, колку и да е тешко затоа што претпочитате да ги дисциплинирате другите. Ќе се лутите што некој постојано ви ја прекинува работата давајќи ви дополнителни задачи, но тие ви носат добри приходи. Сепак, добро ви оди. Обрнете внимание на понудите и пронајдете ја ползата за себеси.
БИК
Успехот нема да ве одмине, и покрај зависта што ве следи, доколку сте коректни и не ги негирате можностите на колегите. Вашата дружељубивост и директност ви користат, но се причината колегите да ја бојкотираат вашата работа, бидејќи повеќе не можат да ги прифатат вашите успеси. Не се јадосувајте и одете по патот што го избравте.
БЛИЗНАЦИ
Не оптоварувајте се со проблемите на луѓето кои изникнуваат поради нивните постапки. Сочувството што го покажувате денеска може само да ви наштети. Стојте настрана и почитувајте го барањето да бидете внимателни со изборот на зборовите и да не правите несакани услуги. На работа сте напнати и не особено активни, што го успорува брзото завршување на задачите.
РАК
За да се справите со вашите службени задачи, пристапете им одговорно и не се преокупирајте со ситните препреки на вашиот пат, дури и ако тие се предизвикани од неочекувани нешта. Не покажувајте загриженост за вашиот колега кој се обидува да се пожали на сите околу него, бидејќи не можете ништо да направите за да му помогнете, а ниту тој не бара помош, само мрмори за да ги нервира сите.
ЛАВ
На работното место потрудете се да не дозволите вмешување на неспособни советници. Судбината ви ги забранува пропустите и грешките и казнува за непретпазливост. Неочекувано ќе ви пријдат влијателни луѓе кои сакаат да работите со нив, но внимавајте на овие повици. Интелектуалните определби се поволни.
ДЕВИЦА
Земете си ја работата дома и зафатете се со вашите сметководствени документи за да бидете свесни за вашите финансиски приходи за изминатите месеци. Ќе се појават проблеми кои можете да ги избегнете доколку сте трпеливи. Побарајте компромис во вашиот колегијален однос, доколку сакате да ги испеглате недоразбирањата.
ВАГА
Вашиот успех и вашите идни професионални планови зависат од вашата упорност. Посветете се на темелна работа и без двоумење завршете ги започнатите задачи, дури и ако морате да останете по завршувањето на работниот ден и покрај незадоволството на вашите најблиски.
ШКОРПИЈА
Подготвени сте да се откажете од повеќето работни обврски. Добро напредувате со вашите рутински активности. Одложете ги разговорите за инвестиции до следната сдмица. Во попладневните часови сигурно ќе имате непријатни деловни разговори и ќе се разделите со подредените кои не ви се лојални.
СТРЕЛЕЦ
Следната седмица очекувајте да добиете понуда за службено патување, не една туку неколку, но размислете дали вреди да одите на сите. Ваши колега сака да ја подобри својата професионална квалификација и се потпира на вашата помош. Дајте му совет. Грижете се и за вашите семејни обврски, разговарајќи за проблемите на вашите најблиски.
ЈАРЕЦ
Информацијата дека ве ценат луѓе со висок социјален статус ќе ве издигне во сопствените очи. Во ваша полза е да продолжите да работите на себеси. Уште еднаш, вашите роднини исто така ви пречат поради нивните неуспеси. Кажете им дека не можете да им помогнете и ставете крај на нивните обиди да ве искористат.
ВОДОЛИЈА
Вашата финансиска состојба може да се подобри. Намерата да патувате за да се сретнете со деловни партнери во странство не може да се исполни денеска. Бидете упорни, доколку е потребно да останете на своите позиции пред семејството. Не им подлегнувајте на охрабрувањата да го ставите домот под хипотека во полза на ваши роднини.
РИБИ
Деловните состаноци и разговори нема да ви го донесат очекуваното задоволство, па подобро е да не ги одржувате денеска. Прифатете дека што и да сте испланирале на овој ден на професионален план ќе ве оптоварува и ќе ве направи нервозни, но нема да биде успешно – сменете ги плановите. Подобро, ако имате можност, одморете се и соберете сили за наредните денови.
извор:нетпрес.ком.мк