Живот и Стил

Дневен хороскоп четврток (09.август. 2018)

Дневен хороскоп четврток (09.август. 2018)

ОВЕН

ЉУБОВ: Нема потреба да давате избрзани ватувања, партнерот внимателно го анализира вашето однесување. Прифатете искрен разговор.

РАБОТА: Имате впечаток дека од вас се очекува многу повеќе отколку што можете да направите во одредени ситуации.

ЗДРАВЈЕ: Во вечерните часови ќе ви одговара средба или излегување, како добра релаксација.

БИК

ЉУБОВ: Партнерот има замерки на вашето однесување. Обрнете внимание на изговорените зборови, особено на пораката која се крие помеѓу редови.

РАБОТА: Нема потреба да оспорувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници. Создадете си подобри услови.

ЗДРАВЈЕ: Поттикнете кај себе позитивно расположение.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Одговорете на нечија молба и променете ги своите вообичаени навики. Приредете и пријатно изненадување на личноста која ви значи.

РАБОТА: Не ви се допаѓа улогата која некој ви ја наметнува, но не бидете брзоплети. Важно е да ја сочувате својата енергија за некои корисни цели.

ЗДРАВЈЕ: Вечерните часови резервирајте ги за вашата интима, опуштете се и акумулирајте позитивна енергија.

РАК

ЉУБОВ: Своето внимание посветете го на некој омилена тема или на личност која буди позитивно расположение. Уживајте во убавите работи и во нечие друштво.

РАБОТА: Посветете внимание на различните информации кои имаат корисно значење, за да можете во целост да ги остварите своите деловни цели.

ЗДРАВЈЕ: Бидете умерени во сe, се оптеретувате со големи амбиции

ЛАВ

ЉУБОВ: Избегнувајте љубовна расправија, воздржете се од гласни коментари и критикувачки тонови пред саканата личност.

РАБОТА: Се наоѓате во креативна фаза, но некој нема доволно слух да ви се придружи. Поради различните интересирања мора да прифатите компромис.

ЗДРАВЈЕ: Добро ќе ви дојдат дополнителни обврски како и добра форма на работна терапија.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Непотребно се оддалечувате од саканата личност. Не треба да поставувате услови или непотребни прашања кои може да предизвикаат чувство на несигурност.

РАБОТА: Кај себе поттикнувате комуникативност и позитивно расположение и важно е да оставите добар впечаток на своите соработници.

ЗДРАВЈЕ: Посветете внимание на правилната исхрана, консумирајте повеќе течности.

ВАГА

ЉУБОВ: На средбата со саканата личност немојте да се мислите, понудете добра идеја или заеднички предизвик и надевајте се на најдобро.

РАБОТА: Треба да оставите сериозен впечаток за вашата околина. Размислете за различни детали кои имаат позитивен ефект врз деловните состаноци.

ЗДРАВЈЕ: Емотивната афирмација во Вас создава нова енергија

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Вие не го разбирате однесувањето на партнерот, но тоа не ви дава право самостојно да одлучувате за заедничките планови.

РАБОТА: Бизнис недоразбирањата може да кулминираат до Ваша загуба, затоа бидете претпазливи и пазете што ветувате.

ЗДРАВЈЕ: Добро ќе ви дојде релаксација .

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Во емоционална смисла, ако си дозволите да претерате со Вашето лшо однесување, Вашиот партнер нема да остане рамнодушен.

РАБОТА: Ако не ви се допаѓа нечие однесување, размислете за нова деловна стратегија.

ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте психолошки стапици или негативни влијанија.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Делувате ранливо и барате “сигурна прегратка”. Ви треба нечија искрена поддршка и разбирање.

РАБОТА: Во средба со соработниците, мора да имате храброст да ја прифатите одговорноста за она што сте го кажале или направиле.

ЗДРАВЈЕ: Примени некои од техниките на психолошка релаксација.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Средбата со едно лице наликува на играта на “емоционално прикривање” и тестирање, наместо искрена размена на чувства.

РАБОТА: Вие сте пред нова деловна дилема. Избегнувајте конкурентски ситуации, особено кога немате потврдени информации.

ЗДРАВЈЕ: Посветете внимание на позитивни работи, опуштете се.

РИБИ

ЉУБОВ: Партнерот со убав насмевка ја гледа вашата смелост и отвореност. Направете сé што е потребно за да го израдувате вашето семејство.

РАБОТА: Ако сакате да добиете деловно-финансиски профит, важно е да бидете еден чекор понапред од другите и да продолжите во вашите намери.

ЗДРАВЈЕ: Важно е рационално да ја користите вашата енергија.

To top