Живот и Стил

Дневен хороскоп (3 декември 2020)

Дневен хороскоп (3 декември 2020)

ОВЕН

Надредената личност е задоволна од вашето залагање. Ви доделува важна улога во новиот работен проект врзан за странци. Сте се оддалечиле од брачниот партнер. Се сомневате дека односот може да се одржи. Стабилно здравје.

БИК

Јавноста е заинтересирана за вашиот успех. Ви годат комплиментите и интересот за вашата работа. Загрижени сте поради бракот. Сакате да го одржите, но сте свесни дека другата страна е ладна. Дишните органи се чувствителни.

БЛИЗНАЦИ

Ве загрижува лошата финансиска ситуација. Предност давате на обврските кои носат пари, но и покрај тоа, нема значајно подобрување. Ви смета ладниот однос на партнерот. Се плашите да не ве остави. Проблеми со коските.

РАК

Ве очекува голем работен успех. Работните разговори со странски соработници, конечно, носат до потпишување на спогодба за заеднички проект. Вашите чувства кон партнерот исчезнуваат. Стабилно здравје.

ЛАВ

Горди сте на себе затоа што исклучиво сте сами одговорни за работниот успех. Ве очекува ново познанство со расположена личност. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работата нормално се одвива. Ве загрижуваат финансиите и иненадувачки трошок кој го дочекувате неподготвени. Одличен ден за ново познанство со духовита и паметна личност. Уринарна инфекција е можна.

ВАГА

Работата се одвива на вообичаен начин, без никакви проблеми. Ве очекува финансиска добивка. Во односот со партнерот имате проблеми. Несигурни сте од што произлегува одредено однесување кое му пречи на партнерот. Алергија е можна.

ШКОРПИЈА

Се соочувате со проблеми на работа. Надредената личност бара извештај и вие отворено и кажувате за ситуацијата. Вашите емоции се стабилни и интензивни. Посветувате време на саканата личност и уживате. Можна е главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Запознавате колега од вашата област. Имате впечаток дека може да остварите задоволувачка соработка. Ве очекува ново познанство преку рбота. Ви се допаѓа енергијата и отпмизмот од другата страна. Дишните органи се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Прелиминарниот состанок со странците одлично поминува. Другата страна остава одличен впечаток, така да сте уверени во успех. На љубителите на душтвените мрежи претстои интересно познанство. Внимавајте на исхраната.

ВОДОЛИЈА

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Со странците имате одлична соработка, а ве чека прилив на финансии. Ве очекува ново познанство. Имате впечаток дека под ладната фасада се крие оган. Стомакот е чувствителен.

РИБИ

Максимално сте посветени на работните обврски. Сепак, резултатите кои ги очеквуате не се во склад со реалните вложувања. Ве очекува ново познанство на краток пат или со личност која не е од вашето место. Проблеми со хормоните.

извор: нетпрес

To top