Живот и Стил

Дневен хороскоп ( 2 април 2019)

Дневен хороскоп ( 2 април 2019)

ОВЕН

Работа: Може да очекувате нова понуда која ќе биде многу позитивна за вашето поле на работа. Ви доаѓаат некои олеснителни околности.

Љубов: Можно е со саканата личност да имате караница денеска.

Здравје: Пад на имунитетот.

БИК

Работа: Можен е успех кога е во прашање полето на работа, денеска ќе остварите некое постигнување.

Љубов: Очекувајте ново познанство. На љубовното поле полека ви се случуваат промени.

Здравје: Проблеми со срцето, посетете кардиолог.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Неповолен ден за нова работа. Очејувајте дека ќе имате кочници и ограничувања на секој чекор.

Љубов: Доколку сте во брак, пред вас е ден во кој ќе имате бројни потреси со партнерот.

Здравје: Чувствителен систем за варење на храната.

РАК

Работа: Можно е на работа да имате компликации кои на некој начин доведуваат до тоа да се запрашате дали е време некои работи сериозно да ги менувате.

Љубов: Очекувајте интересни случувања на емотивен план.

Здравје: Проблеми со грлото.

ЛАВ

Работа: Пред вас се некои мали проблеми кои би можеле да ви донесат отежнувања на ова поле.

Љубов: Имате впечаток дека некои работи се менуваат и дека односот со саканата личност веќе не оди во добар правец.

Здравје: Водете сметка за исхраната.

ДЕВИЦА

Работа: Можно е да бидете разочарани од ситуацијата која имате на ова поле.

Љубов: Околностите не се онакви какви што сте се надевале. Наклонети сте кон раздразливо однесување, и често се карате.

Здравје: Проблеми со главоболка.

ВАГА

Работа: Ве очекува соочување со некои ваши промашувања од минатото. Потрудете се да учите од своите грешки.

Љубов: Врската од која не сте задоволни полека се прекинува. Двајцата чувствувате дека немате каде да одите заедно.

Здравје: Проблеми со нервозата.

ШКОРПИЈА

Работа: На ова поле не сте оптоварени. Се иде во одличен тек, а ќе ви остане и повеќе слободно време.

Љубов: Не сте заинтересирани за нова љубовна приказна. Потребно ви е некое време да ги поправите емоциите.

Здравје: Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денот не е поволен за нови промени и нови случувања. Подбро малку почекајте ситуацијата да ви се кристализира.

Љубов: Наклонети сте кон тоа да реагирате во афект, а подоцна се каете. Вам и партнерот ви следува период преполн со караници.

Здравје: Респираторни инфекции.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува шанса да направите конкретен потег кој ќе може да го промени текот на вашата кариера и целокупната работна ситуација.

Љубов: Уживате во заедничките моменти со саканата личност.

Здравје: Препорака е да избегнувате цигари.

ВОДОЛИЈА

Работа: Засега може да очекувате ден кој носи нови случувања, промени, нови задолжувања на работа.

Љубов: Пробувате да се стабилизирате, важно ви е со саканата личност да остварите подобар однос.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

РИБИ

Работа: Може да сметате на помош од колегите. Пред вас е поволен период за склопување на нова соработка.

Љубов: Доколку ви се допаѓа некој кој сте го запознале преку работата, полека ќе се зближите.

Здравје: Посетете стоматолог.

извор: нетпресс

To top