Живот и Стил

Дневен хороскоп (16 јули 2020)

Дневен хороскоп (16 јули 2020)

ОВЕН

Не сте подготвени да правите промени. Сакате да пробате да задржите добра ситуација на сегашната работа. Пред вас е фаза во која ќе тежите кон помирување со стариот партнер. Проблеми со урогениталниот тракт.

БИК

Може да очекувате нова прилика за работа. Подготвени сте максимално да се посветите на своите амбиции. Имате впечаток дека љубовното поле ви е променливо и не сте задоволни од односот со партнерот. Имунитетот ви е ослабен.

БЛИЗНАЦИ

Не сте заинтересирани за работна понуда која пристигнува до вас денеска. Подготвени сте да се посветите на вашите цели. Ве очекуваат големи пресврти кога е во прашање љубовта, ќе бидете изненадени. Забрзана работа на срцето.

РАК

Не ви е поволен момент за промена на работата затоа што може да се каете после погрешна одлука. Можно е да сте збунети и на љубовното поле да имате некои потешкотии. Градниот кош ви е чувствителен.

ЛАВ

Може да очекувате поволен ден за решавање на работните несогласувања од минатото. Не сте расположени за комуникација со саканата личност, се повлекувате и станувате срамежливи. Чувствителни синуси.

ДЕВИЦА

Осцилациите на работното поле може да ве оптоваруваат во следниот период. Не сакате работа под притисок. Не знаете како да се поставите во комуникацијата со личноста која ви значи. Зголемен апетит.

ВАГА

Во текот на денешниот ден ќе успеете да остварите мало работно поместување. Ќе бидете задоволни од ситуацијата. Сте одлучиле дека сакате прекин на врската во следниот период. Покачен крвен притисок.

ШКОРПИЈА

Ве очекува поволен ден. Работните планови ќе ви се одвиваат онака како што сте се надевале и очекувале. Време е сами со себе да ги дефинирате вашите љубовни цели. Бидете искрени најпрво кон себе, а потоа и кон партнерот. Несоница.

СТРЕЛЕЦ

Не сте зантересирани за работни преписки и караници. Сметате дека може да се решат по мирен пат. Партнерот ви покажува незадоволство со кое овој пат вие не може да се изборите. Нервна напнатост.

ЈАРЕЦ

Имате нови идеји и се трудите да ја покажете својата креативност за работното опкружување да ве прифати. Брзо менувате мислење за симпатијата и одеднаш доаѓа до нагло заладување. Имате многу енергија.

ВОДОЛИЈА

Вие сте подготвени да дадете се од себе за на работното поле да успеете да остварите подобрување. Барате партнер кој ќе ви ги покаже своите искрени чувства и кој е подготвен да ја прифати вашата вистинска природа. Избегнувајте алкохол.

РИБИ

Ве очекуваат промени по прашањето на односот со соработниците. Можно е да не ви е лесно да остварите хармонија на работа. Потрудете се повеќе да верувате на својот партнер, отколку на гласините кои ги слушате за него. Потребно ви е повеќе сон.

To top