Живот и Стил

Дневен хороскоп 01.01.2018

Дневен хороскоп 01.01.2018

Овен

Иако имате направено добри подготовки, ќе се случи нешто што ќе ве демотивира и нема да бидете во состојба да продолжите понатаму. Не терајте се со сила да завршите нешто што не оди по план.Најдобро е да продолжите некој друг ден. Се обидувате да го вратите мирот во семејството и да најдете заеднички јазик со партнерот.

Бик

Работите почнуваат да се менуваат во ваша полза, и време е да добиете награда за сe она што го издржавте во изминатите години. Ако работите со странство или со странци, може да добиете шанса да ја унапредите соработката. Партнерските односи ви се стабилни, но имате обичај сите несогласувања со партнерот да ги преувеличувате.

Близнаци

Бидете внимателни со колегите затоа што е можна нелојална конкуренција помеѓу вас. Можно е некој од нив да ја изигра вашата доверба. Најдобро е да се потпрете сами на себе и да направите план за работа, без да мешате некого од страна. Ако сте во постојана врска или во брак, не замижувајте пред фактот дека некој од страна се меша во вашиот однос.

Рак

Вашите мегаломански потреби можат да ви создадат ситни непријатности со партнерот. Но сето тоа е од минлив карактер. Партнерот ве прифаќа такви какви што сте, но понекогаш има потреба да ви се спротивстави. Ако сте слободни, престанете да барате идеална личност. Тоа може да ве одведе во депресија и во уште поголема осаменост.

Лав

Материјалната ситуација која е многу добра ви влева самодоверба. Односите со соработниците, особено ако се работи за постари луѓе ќе ви донесат нови успеси, но и некои нови сознанија. Партнерот се обидува да ви наметне вина поради некои работи што се случиле во минатото и вие тоа ќе го прифатите како нормално. Се наоѓате во фаза во која секој сегашен момент го споредувате со минатото и ги барате корените на проблемите.

Девица

Станувате по малку тромави и ја губите потребата за акција. Повеќе сакате да им се препуштите на емоциите и да се одморите. Ако сте слободни, обрнете внимание на некој со кого соработувате веќе подолго време. Неговата заинтересираност не е само во рамките на работата.

Терезија

Постојано размислувате само за парите. Недвижностите се еден од начините на кој ќе го сопрете одливот и ќе ги зачувате парите за идни времиња. Доколку планирате да разговарате со семејството, внимавајте на тонот со кој му се обраќате. Може да дојде до расправија за која вие ќе бидете единствениот виновник. Може и да кажете нешто за што подоцна ќе се каете.

Скорпија

Ќе ве изреволтира однесувањето на претпоставениот. Вам не ви е својствено бурно да реагирате, но сепак, ќе покажете дека не се согласувате со неговото размислување. Партнерските односи ќе бидат малку напнати, што ќе ви створи додатна нервоза. Можен е крај на новата врска и враќање на старата љубов, која сè уште не сте ја заборавиле.

Стрелец

Немирот кој ве обзема е ваш проблем, и нема потреба да им го пренесувате на другите. Доколку сте во брак или во подолга врска, можни се конфликти во врска со финансиите. Ако успеете да ја надминете ситуацијата, во текот на следните денови е можен финансиски прилив, кој ќе реши дел од вашите проблеми.

Јарец

Не дозволувајте да ве обземе нервоза и разочарување, особено кон еден колега кој и интимно ви се допаѓа. Доколку сте во брак, денешниот разговор со партнерот може да биде почеток на расплет на кризата во која се наоѓате. На ваше големо изненадување, тој ќе се обиде да соработува и ќе признае дел од грешките кои ги направил. Ако сте слободни, не губете го трпението кон
личноста што ви се допаѓа.

Водолија

На една страна ве измачуваат работи околу домот и домашните, а на друга се работните обврски. Ќе морате да најдете средина и да престанете да размислувате во негативен правец. Потребата да бидете во центарот на вниманието и да бидете прашани за се, сега почнува да ви се одмаздува.

Риби

Почнувате да правите планови во тајност и по малку сте сентиментално расположени. Денес е можен финансиски прилив, кој ќе ви помогне да завршите некои започнати работи околу домот. Ако сте осамени, денешното дружење може да ви донесе интересно познанство. Доколку сакате само флерт, не впуштајте се во разговор и не обидувајте се да ја шармирате спротивната страна. Личноста што ќе ја сретнете е многу сериозна и не заслужува да си поигрувате со неа.

извор:скопје24.мк

To top